Лука намерно го турнаа, па соиграчи скокнаа за него

На 3 минути и 33 секунди пред крајот на градското дерби ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс кое го добија Лејкерси 135-118, кошаркарот на Клиперс Крис Дан намерно го турна Лука Дончиќ на паркетот а овој при падот се удри во Леброн Џејмс. Стана лидерот на Лејкерс да се пресмета со Дан кој со цел памет уште го удри и соиграчот на Дончиќ Џејсон Хејс.

Ова е веќе втор или трет пат досега Дан намерно да го фаулира Дончиќ кој еднаш и се повреди поради идиотски прекршок на кошаркарот на Клиперс кого сега сигурно го чека казна:

 

Дончиќ на крај им одржа лекција со 43 поени и 13 асистенции за нова победа на ЛА Лејкерс, петта по ред.

26 ноември 2025 - 09:31