Нова лудорија на Лука Дончиќ, постигна страшни 43 поени

Словенечкиот репрезентативец игра сезона од соништата. Во петтата последователна победа на ЛА Лејкерс, овојпат убедлива 135-118 против градскиот ривал ЛА Клиперс, Дончиќ направи шоу.

Бројот 77 на ЛА Лејкерс уфрли 43 поени со 13 асистенции и 9 скока и му фалеше само уште еден скок до нов трипл-дабл. Лука уфрли 5/5 за три поени уште во првата четвртина:

Ова беше највисок поентерски учинок на Дончиќ сезонава. Од 43 поени дури 32 уфрли во првиот дел а ова му беше 51. натпревар во НБА кариерата со најмалку 40 поени. За малку не стигна до 10. јубилеен трипл-дабл со 40 постигнати поени.

Леброн Џејмс веќе трет натпревар игра на одлично ниво, како да не паузираше повеќе месеци поради ишијас. Џејмс кој на 40 години ја игра рекордната 23-та сезона во НБА, додаде 25 поени со по 6 скока и асистенции.

Остин Ривс уште еднаш потврди дека сезонава е фантастичен, па откако ги носеше Лејкерс без Леброн и Лука Дончиќ на стартот од сезоната кога беа отсутни, така игра и сега доминантно. Синоќа уфрли 31 поен со 9 скока. Лејкерс има 13 триумфи на 17 натпревари.

Лука намерно го турнаа, па соиграчи скокнаа за него

26 ноември 2025 - 08:51