Минатото лето Мадона, најголемата светска поп-кралица чие богатство Forbes го процени на 590 милиони долари, го напушшти луксузниот имот во Њујорк каде живеела десет години и се преселила во Португалија.
„Заминав од САД поради фудбалот. Мојот син Давид кој на 24 септември ќе наполни 13 години, сака да стане професионален фудбалер“, објаснила пејачката во свежото августовско интервју за италијанскиот Vogue.
Давид е посвоен од Мадона. Таа го посвоила кога имал 13 месеци во 2006 година додека уште беше во брак со Гај Ричи (од 2000 до 2008).
Дави де роден на Малави, сиромашна земја од Африка каде поп-ѕвездата дошла со својата хуманитарна мисија. Мајката на малиот починала по породувањето на синот, а татко му, фармерот Јохан Банда се откажал од детето затоа што рекол дека едвај крои крај со крај.
Мадона има шест деца од кои две се нејзини родени: 21-годишната ќерка Лурдес и 17-годишниот син Роко кои ги доби со Гај Ричи. Таа има четири посвоени деца: 12-годишниот Давид Банда и ќерката Мерси Џејмс, плус близначките Стела и Естер кои имаат по пет години. Сите се од Малави.
Најстарата посвоена ќерка на Мадона во последно време живеела сама, а Роко со татко му во Британија. Мадона заедно со посвоените деца живеела во САД каде Давид и Мерси тргнале во школо - а таму го октриле талентот за фудбал на малиот.
Набрзо Давид го запишале во тимот на Даунтан Јунајтед за играчи до 14 години и уште тогаш давал важни голови.
Во 2016-та тој се пробал во академијата филијалата на ПСЖ на Флорида, а Мадона присуствувала на еден меч на кој тој постигнал два гола во победата од 2:1.
Во САД тој немал доволно квалитетни тренери.
„Одамна сакав да го однесам во подобра академија со подобри тренери, но нивото на фудбал во Америка е пониско отлку во остатокот од светот. Видов колку е разочаран. Почуствував дека е дојдено време да заминеме од Америка. Како што знаете, во САД не се најдобри времиња сега. Нема ни најава дека ќе се смени нешто. Јас веќе живеев во други места, на пример 10 години во Лондон. Сакам да излезам од комфорна зона и да ризикувам“, рекла Мадона.
На кратката листа потенцијални места за селидба се нашле фудбалски академии во Лисабон, Барселона и Торино.
„Ги посетив сите тие градови за да видам како би живеела таму. На крај Барселона е супервесел град, и Торино ми се допадна многу, има музеи и прекрасна архитектура, но мислам дека на детето таму немаше да му биде весело. Торино е град на интелектуалци, а јас ги гледав сите фактори. Отидов во Лисабон и тој град се испостави за најдобра варијанта од сите“.
Тамошните медиуми веднаш пишувале дека Мадона отседнала во претседателскиот апартман на хотелот Ritz која чини 14.500 евра од ден и разговарала со поранешниот репрезентативец на Португалија кој сега раководи со академијата на Бенфика, Нуно Гомеш.
Во пролетта годинава Давид дошол на проба во Бенфика и го воодушевил тренерот на тимот за играчи до 12 години. Веднаш решиле да го задржат, а Мадона нашла дом - семејството ќе живее во замок од 19 век во аристоркатскиот реон Лапа кој го купила за 7,5 милиони евра (баш излегла од комфорна зона).
Судејќи по нејзиниот Инстаграм, таа не се досадува - со детето свират, танцуваат, пеат и се веселат. Давид на приммер свири на гитара и пијано.
За 59-годишната поп-кралица Португалија брзо стана инспирација.
„Се запознав со многу значајни музичари и работев со голем дел од нив на мојот нов албум. Лисабон се појави и на мојата насловна“.
Уште немала концерти во Лисабон. Семејно хоби им е прошетка на плоштадите. Обично таа доаѓа во општината Алкасер до Сал каде се наоѓа прекрасниот реон Компорта. Во сабота или недела оди да го гледа Давид и ги снима неговите настапи. На Светското 2018 тие двајца навивале за Португалија.
„Многумина ме прашуваат: ’Ти навистина сакаш син ти да стане успешен фудбалер, постарата ќерка да танцува а Роко да биде уметник?’, а јас им одговарам: ’Не. Сакам моите деца да станат одговорни и сакани луѓе кои умеат да се борат. Тоа е се. Просто сакам да бидат добри луѓе кои ќе ги почитуваат другите без разлика на бојата на кожата, религијата, полот. Тоа е најважно. Сфаќате што зборувам? Ако некој од нив стане следниот Пикасо или Кристијано Роналдо, тоа е добро, ќе биде јагодка на тортата“, заклучува Мадона.