Разно

ЖРК Вардар - Крим од 19:00 и Атлетико - Реал од 16:00

Спортската сабота нури три ракометни натпревари и многу фудбалски натпревари меѓу кои четири дерби средби.

Боде Милер опериран, толку од Светскиот Куп

Шампионот од САД вчера доживеа тежок пад на патеката во Бивер Крик во Колорадо, по што веќе денес ја оперирал тетивата на задната ложа. Златото го освои Австриецот Ханес Рајхелт пред Канаѓанецот Дастин Кук, а бронзата му припадна на Адријан То од Франција.

Татран – Металург во 18:00 и Вардар - Мешков Брест во 20:15

Спортската среда ни нуди настапи на Вардар и Металруг во регионалната ракометна лига, како и неколку куп и првенствени фудбалски натпревари.

Петицата на Клинсман, крикот на Тоти

Ние би го издвоиле боксерот...

Поен од 3 милиони долари

Серена Вилијамс по шести пат го освои Австралија Опен, а Новак Ѓоковиќ по петти. Американката по 17. пат ја совлада Марија Шарапова, а Новак Ѓоковиќ по 16. пат беше подобар од Енди Мареј. По славјето во Мелбурн, Ноле и Серена заработија по 3,1 милиони долари.

МЗТ - Партизан во 21:00 и Челси - Манчестер Сити во 18:30

Спортскиот викенд на ТВ нуди меч на МЗТ Скопје во јадранската лига, дерби во Премиер лигата, ски скокови и разновиден фудбал каде на сцена се враќаат Бундеслигашите.

Најинтересното од мечот Ѓоковиќ - Вавринка

Најдобриот светски тенисер се препоти за да го добие полуфиналето против Швајцарецот кој ја бранеше титулата во Мелбурн. Победата ја оствари по 5 одиграни сетови, а најмала неизвесност имаше во последниот сет кој го доби со 6:0 и победи со 3:2. Ѓоковиќ ке игра во финале против Енди Мареј и ќе брка 5-та титула на Австралија опен. 

Лајпциг – ЖРК Вардар во 19:30 и Шпанија - Франција во 19:00

Спортската понуда во петок делува доста богато. ЖРК Вардар се враќа на европска сцена во втората фаза од ЛШ, а на Мундијалот во Катар се играат полуфиналињата. Има и фудбал, кошарка и ски скокови.

Ѓоковиќ на Австралија Опен елиминираше тенк

Српскиот тенисер во четвртфинале го совлада Милош Раониќ, а за влез во финале против Мареј, ќе треба да го мине бранителот на титулата во Мелбурн, Станислав Вавринка. Монтажерите му додадоа уште еден меч, одлично измонтиран.

Црвена Звезда - Алба во 20:45

Спортската програма за денес се состои од четири кошаркарски натпревари во најелитното клупско европско натпреварување и три меча од шпанскиот фудбалски куп. Војдан Стојановски гостува во Белград.

Ултимејт нокаут за седум секунди

Борбата меѓу Макван Амиркани и Енди Огл траеше нецели 8 секунди пред Финецот да го патосира Англичанецот.

Ленс Армстронг пак би се дрогирал

„Мислам дека историјата не е глупава, туку таа надополнува многу работи. Ако ме прашате за 50 години, би рекол дека тие места не се празни, се чувствувам како јас да сум ги освоил“, вели седумкратниот освојувач на Тур де Франс.

Челси - Ливерпул и Милан – Лацио во 20:45

Во денешната спортска програма нема преноси од СП Катар, туку четири фудбалски натпревари од кои два се дерби средби во Италија и Англија.

Македонија - Словенија од 16:30

Денешниот ден е предвиден за балканското дерби за влез во четвртфиналето на СП во Катар, а покрај ракомет, на програмата има уште и фудбал и кошарка.

Цедевита-МЗТ во 17:00 и Лацио-Милан во 20:45

Спортската сабота нуди кошаркарски меч на МЗТ Скопје во АБА лига, настап на Војдан Стојановски во германското првенство, ракометен меч од СП Катар и многу фудбал.

Македонија – Австрија во 17:00

Спортската програма денеска го нуди решавачкиот ракометен меч на Македонија за второто место во групата на СП Катар, а потоа имате европска кошарка и фудбал.

Поенот по кој Федерер си замина дома

Роже Федерер на Австралија Опен отпатува како втор носител, а на ова првенство има освоено четири титули. Италијанецот Андреас Сепи, кој е 46-ти на АТП листата, му го зеде скалпот уште во третото коло, а за швајцарскиот ас ова е прв пат по 14 години да биде елиминиран толку рано на Грен Слем турнир. 

Во Кале игравме на нула степени и имавме само еден туш, па бевме прваци

Славната ракометарка на Кометал, е најмлада од шампионската генерација на овој тим. Се повлече во 2007-та на 27 години, гори од желба повторно да заигра, но сега е посветена на тренерската работа со 110 деца кои ги тренирала и бремена. За Македонија смета дека сега е најзрела за успех во Катар.

Сервис во јајца

На меч од Австралија Опен, Фелисиано Лопез се обиде со удар од 200км на час да му направи ас на Францзинот Андриан Манарино. Метата беше целосно погрешна, а тоа многу болеше.

Неизвесен е боксерскиот дуел што сите го очекуваат

Мани Пакијао изјави дека што е до него нема никаков проблем во мај да излезе во рингот и да боксува за титулата против Мејведер кој уште не се изјаснува за евентуалниот дуел. Филипинецот го предизвика Британецот да одговори до крајот на јануари.

Првите атракции на Австралија Опен

Ѓоковиќ, Федерер, Надал и останатите фаворити, првите противници на Отвореното првенство во Мелбурн ги минаа рутински, а некои од нив успеаа да изнудат аплауз повеќе со мајсториите на терен.

Ѓоковиќ и Федерер бркаат петта титула на Австралија Опен

Паралелно со Светското ракометно првенство, од денеска па до 1 февруари, ќе уживаме и во 103-то издание на првиот тениски Грен слем турнир за 2015 година во машка и женска конкуренција.

Македонија – БиХ во 17:00

Македонската ракометна репрезентација го игра третото коло од Мундијалот во Катар, а доколку тоа не ви е доволно имате за гледање тенис, кошарка, фудбал и прегледи со голови.

Манчестер Сити – Арсенал во 17:00

Неделната спортска понуда е полна со фудбалски натпревари, а има и меч од Мундијалот во Катар, како и НБА средба.