
Во четвртфиналето од турнирот во Хале, Иво Карловиќ отсервира дури 45 асови што е своевиден рекорд на тревната подлога во Хале.
Хрватот уште еднаш покажа дека тревата му е омилена подлога, откако го совлада шестиот тенисер на светот, Томаш Бердих со 7:5, 6:7, 6:3. Дуелот траеше повеќе под 2 часа и 15 минути, а изобилуваа кратки поени и многу гемови. Имаше само два брејка и двата ги доби Карловиќ.
Во борбата за финалето, Карловиќ ќе игра со подобриот од мечот Роже Федерер - Флоријан Маер. Апсолутниот рекорд по бројот на асови на еден меч го држи Американецот Џон Изнер, кој удри 113 аса против Николас Мау на Вимблдон во 2010. година. Тој меч е најпознат и по тоа што беше најдолг во историјата на тенисот. Се играше цели 11 часа и пет минути со неколку прекини.