Разно

Македонија - Иран од 17:00, МЗТ - Крка од 21:00

По убедливиот триумф на отворањето против Тунис, нашите најдобри ракометари играат против Иран. Денес се играат и натпревари од ТОП 5 лигите во Европа, и кошаркарска АБА лига.

Парма – Каљари во 18:00 и Торино – Лацио во 21:00

Спортската среда нуди фудбалски куп натпревари од Италија, Шпанија и Франција.

Лил и Арсенал донесоа профит, Манчестер Јунајтед разочара

На Типстерите им одеа во прилог и победите на Арсенал и Лион.

Рома - Лацио од 15:00 и Барселона - Атлетико М. во 21:00

Единаесетиот ден од новата година носи неколку дерби средби во најдобрите европски лиги, кошарка НБА и АБА лига, како и тениски загревања пред Австралија Опен.

Македонија - Франција во 18:00

Спортската понуда зема замав во новата година. Македонската ракометна репрезентација се загрева за Мундијалот во Катар, каде денеска се игра финале од тениски турнир. На фудбалската сцена продолжува редовните кола во најсилните европски лиги.

Ограбен ресторанот на Ѓоковиќ, однесени 7.000 евра

Ноќта меѓу 4. и 5. јануари, провалник дошол до ресторанот на најдобриот светски тенисер, којшто се наоѓа во близина на белградската Арена и преку вентилациониот прозор влегол во локалот. Инспекторите сомневаат во поврзаност на некој од вработените.

Феноменот Луис Хамилтон и сите негови бројки

Со две светски титули во рака, славниот возач на Мерцедес што ветува многу годинава, денес слави 30 години.

Вимблдон - Ливерпул и Лацио - Сампдорија

Понеделнички спортската понуда се состои од четири фудбалски, еден кошаркарски и еден тениски натпревар.

Мареј – Ѓоковиќ во 16:00

Првата спортска сабота во 2015-та стартува со финале од ревијален тениски турнир, меч од ФА купот и неколку натпревари од шпанското фудбалско првенство.

Новогодишниот дочек на Роналдињо

Бразилската ѕвезда ги рипна тренинзите за Божиќ па потоа објави слика дека заминал кај семејството. И покрај отсуството со денови, мексиканскиот клуб Куеретаро одлучи да не го казни, а тој објасни каде бил и за Нова година. Објективот успеал да фати 13 девојки.

Михаел Шумахер една година подоцна

Пред 365 дена, во местото Шоле на Алпите, најтрофејниот пилот во Ф1 отиде на патеката Мерибел на скијање со синот и пријателите, на само 10 минути од неговата вила.

Македонија - Израел во 17:45

Викендов продолжува празничното коло во Англија, а дерби натпреварите се играат во Лондон и во Саутемптон. Во Шпанија, празнично кошаркарско Ел Класико, во САД еден меч од НБА, а кај нас подготвителен ракометен натпревар пред СП Катар.

Задар – МЗТ Скопје во 19:00

Спортската сабота денеска е резервирана за кошаркарските натпревари во регионалната лига, една средба од НБА лигата и дерби во грчкото првенство.

Челси - Вест Хем од 13:45 и Ман. Јунајтед - Њукасл од 16:00

Денес на островот се игра Боксинг деј или празничен фудбал. Челси го дочекува Вест Хем, а Ливерпул гостува кај Барнли. Вечерва се игра и еден дуел од белгиското првенство, како и НБА средбата меѓу Бостон и Бруклин.

МЗТ Скопје – Црвена Звезда во 20:30

Понеделнички ви прерачуваме да гледате по еден меч од регионалната кошаркарска лига, финале од италијанскиот Супер куп и Премиер лига, како и прегледи од најсилните фудбалски лиги и скијање.

Ливерпул - Арсенал од 17:00 и Интер - Лацио од 20:45

Викендов ширум Европа се играат претпоследните и последните кола пред зимската пауза. Од најдобрите 5 лиги, на програмата е големото дерби меѓу Ливерпул и Арсенал, како и во Серија А Интер - Лацио. Денес се играат и натпревари од јадранската кошаркарска лига.

Мајнц – Баерн Минхен во 20:30

Како увертира на спортскиот викенд, за вечерва на програмата го имате настапот на Николче Новески кој ќе се соочи со лидерот во Бундес лигата, потоа меч од француското првенство и натпревари од кошаркарската Евролигата.

Каљари – Јувентус во 19:00 и Наполи – Парма во 21:00

Од четврточната спортска понуда имате за гледање два меча од Серија А, шпански куп и натпревари од кошаркарската Евролига.

Осврт на десеттото коло на Бизнис Лигата

Завршува есенскиот дел од Бизнис Лигата на Македонија. Во последното коло најдобри стрелци беа Нико Този и Наумче Стојчевски.

Фени Индустри – МЗТ Скопје во 19:00

Спортската среда е богата со фудбалски натпревари од првенство и куп, како и кошаркарски дуел од македонското првенство.

Крус Асул – Реал Мадрид во 20:15

Денешната спортска понуда се состои од неколку куп натпревари, полуфинале на Светското клупско првенство и меч од регионалната ракометна лига.

Во дожд од голови Еуролинк го совлада ОНЕ

Во последниот ден од десеттото коло во Бизнис лигата на Македонија до убедливи победи стигнаа и екипите на Шпаркасе и Алкалоид.

Цибона - МЗТ Скопје во 17:00 и Металург - Веспрем во 19:00

Неделната програма содржи многу фудбал, кошарка и ракомет. Натпревари од ТОП 5 европските лиги, како и Металург во регионалната СЕХА лига и МЗТ во АБА лигата.