Откако го победи Пакијао на поени, Флојд Мејведер го продолжи својот рекорд кој сега изнесува 48 борби без пораз. Два дена после борбата, Пакијао изјави дека во мечот влегол повреден, за што неговиот тим извади и документација.
Мејведер за каналот Шоутајм изјави дека размислувал да не се повлекува и да договори реванш со Пакијао, но после таквиот однос на Филипинецот нема шанса за реванш.
„Не забележав апсолутно ништо што покажува дека Мејведер е повреден. Беше брз, левата рака му беше брза, десната исто. Силно ги користеше и двете раце. Загуби, тој знае дека загуби, а јас загубив многу респект што имав за него“, револтирано изјави Мејведер за ЕСПН.
Пакјао, кој има 57 победи со 38 нокаути очекува дека реваншот би можел да се одигра за девет месеци до година дена. Мејведер не размислува така.
„Во моментов не, затоа што тој е лузер и кукавица. Ако изгубиш, прифати го поразот и кажи Мејведер, ти беше подобар“, додава Американецот.
На крајот, Флојд Мејведер изјави дека неговата последна борба ќе биде во септември, кога ќе ја исполни квотата од шест борби договорени со Шоутајм и потоа ќе се пензионира. Во случај да победи во септември, Мејведер ќе го израмни рекордот на легендарниот Роки Марчано кој има неверојатни 49 победи без пораз.
Хајлајтс од мечот: