Возачот на Мерцедес, Нико Розберг победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда во Монако и стана прв возач после легендарниот Аиртон Сена кој три пати по ред го освојува Монте Карло.
Розберг стигна до втора победа по ред во овој шампионат, откако тимот на Мерцедес неочекувано на три круга до крајот во бокс го повика водечкиот Хамилтон да замени гума и на тој начин двократниот светски прват трката ја заврши на трето место.
Второто место го освои Себастијан Фетел од Ферари, а со денешната победа Розберг го намали заостанување зад Хамилтон на 10 бодови.
Возачот на Ред Бул, Данил Квајт заврши на четврта позиција, неговиот клупски колега Даниел Рикардо е петти, а шестото место го зазема Кими Раиконен од Ферари.
Наредната трка во првенството на Формула 1 се вози на 7 јуни во Монтереал за Големата награда на Канада.