Пет подобри борби од битката на векот

Бокс мечот на векот меѓу Мејведер и Пакјао минатиот викенд по сите параметри требаше да го оправда таквиот епитет, но многу навивачи незадоволни ја напуштија салата во Лас Вегас, а многу гледачи се каеја што останале будни во глуво доба.

Од 2000-та година па наваму, боксот понуди многу драматични борби кои беа далеку повозбудливи од битката на векот на неформалната акциона скала во овој спорт, пишува Гардијан.
 
Една од тие борби можеби беше и најдобрата во историјата на овој спорт. Без многу помпезност, атракции, спонзори и тв права, пет боксерски меча минаа недоволно медиумски покриени.
 
1. Диего Коралес VS Хозе Луис Кастиљо, 7. мај 2005
 
И Коралес и Кастиљо се поврзани со Мејведер - Триумфот на Мејведер над Диего Коралес беше неговиот најголем до саботата, а Кастиљо е човекот кој бил најблизу да го сруши Флојд Мејведер. Сепак, Коралес и Кастиљо имаат нешто единствено, а тоа е нивната борба која стои рамо до рамо со оние на Џек Демпси и Луис Фирпо, Мухамед Али и Џо Фрејзер, Марвин Хаглер и Томас Хернс.
 
 
2. Артуро Гати VS Мики Вард, 18. мај 2002
 
Мики Вард е предмет на филмот „Борецот“ (Тhe Fighter), и важи за еден од најомилените боксери во неговото време. Истото може да се каже и за Артуро Гати. Во историјата на боксот има само неколку рунди кои може да се споредат со 9-та рунда од мечот Гати - Вард. И двајцата се раѓаа, умираа и повторно се раѓаа во иста рунда.
 
 
3. Израел Васкез VS Рафаел Маркез (Третата борба), 3. март 2007
 
Рафаел Маркез е брат на вечниот ривал на Пакјао, Хуан Мануел Маркез. Помладиот Рафаел имаше неколку одлични борби. Браќата Маркез се познати како мошне офанзивни боксери, а Рафаел одлучи да боскува во категорија до 122 килограми само за да се соочи со Израел Васкез.
 
Двајцата понудија неверојатно возбудлива борба:
 
 
4. Ерик Моралес VS Марко Антонио Барера (првата борба), февруари 2000
 
Моралес и Барера се двајца воинствени Мексиканци против кои Пакјао ја стекна својата репутација. Во првиот дел од нивната трилогија, Моралес и Барера покажаа страшен бокс.
 
Барера во мечот влезе како боксер со средна репутација, додека Моралес сè уште се калеше во пониските категории. И двајцата се познати по единственото ривалство, поради кое беа спремни да боксуваат еден против друг и без пари. Нивната меѓусебна борба кулминираше во 5-та рунда.
 
 
5. Акира Јаегаши VS Порнсаван Порпрамук, 24. октомви 2011

Дуелот меѓу Јапонецот и Тајланѓанецот беше медиумски покриен само во Азија. Телевизиските куќи во САД и Европа не беа заинтересирани за оваа борба, која заслужено се најде меѓу петте највозбудливи во историјата. Се разреши во осмата рунда.