Мејведер ја доби борбата на векот

Американскиот боксер го сочува појасот и ореолот на непобедливоста, откако го победи Мани Пакијао после 12 рунди во Лас Вегас. Филипинецот се жали на судиите кои беа исвиркани и од публиката на крајот.

Флојд Мејведер е мајстор на дефанзивниот бокс, го повлече Пакјао во својот стил на борба, така што исходот беше очекуван. Американецот победи убедливо на поени. Судиите му дадоа огромна предност на Мејведер, кој победи по 48. пат во кариерата и уште еднаш ја сочува непобедливоста како и неофицијалната титула најдобар боксер на денешницата.
 
Два пати 116-112 и еднаш 118-110 одлучија судиите, кои едногласно го прогласија Мејведер за победник. Американецот избегна неколку удари на ривалот. Од друга страна, Пакјао смета дека е оштетен, а дел од публиката со свирежи го испрати победникот.
 
38-годишниот Американец, како што се очекуваше, најголемата предност ја направи со подолгите раце и одличната дефанзива. Во првиот дел од борбата, Мејведер беше подобар. Пакјао во финишот се обиде да направи пресврт, но не успеа. Во конечниот епилог, Мејведер погоди 148 од 435 удари колку што зададе, додека Пакјао беше послаб со 81 директен удар од 429.

 
3 мај 2015 - 09:59