„Дали сте имале повреда на рамењата, лактите или рацете кои се потребни за испитување? Тоа е прашањето на кое Мани Пакјао одговорил НЕ.
Со потпишувањето на документот тој заедно со својот советник се заколнал дека податоците се точни, а според законот лажниот исказ е кривично дело за кое ќе треба да одлежи помеѓу една и четири години затвор и да плати парична казна од 5.000 долари.
Филипинецот исто така можно е да добие и казна или забрана од страна на дисциплинската комисија од Невада.
Овие проблеми за него се појавија откако по мечот на векот неговиот промотор Боб Арум изјави дека Пакјао влечел стара повреда на десното рамо со која се здобил на тренинг, а комисијата ја известиле пред самиот старт на борбата кога побарале инјекција.
По направената снимка е заклучено дека тој има искинати лигаменти и ќе треба да оди на операција.