Лукоил преку пенали до шампионската титула

Екипата на Лукоил е новиот шампион во Бизнис лигата на Македонија откако на пенали беше подобар од Монтенегро. Дуелот за трето место го доби УНИКА.

УНИКА посконцентрирана во пенал завршницата

УНИКА 8-7 пенали(1-1) Алкалоид
УНИКА: Љуљзим Каштањева 16’, Ибиш Мисини 29’, Арбен Бајрами 37’
Алкалоид: Оливер Христовски 6’, 31’, Стефан Димовски 36’
Борбата за третото место помеѓу екипите на Алкалоид и УНИКА ја отвори Оливер Христовски постигнувајќи гол во 6’ со што најави интересен натпревар во кој е ставен акцент на нападот. Екипата на УНИКА преку Љуљзим Каштањева го израмни резултатот во 16’, со кој резултат се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Алкалоид направи грешка во додавањето, што ја искористи Ибиш Мисини и ја претвори во гол со што оствари предност од 2-1. Во понатамошниот дел се водеше израмнета борба во која имаше израмнување на резултатот и кај двете страни, по што се влезе во пенал завршница. Во пенал завршницата екипата на УНИКА беше попрецизна и со повеќе нерви, па го доби овој натпревар со 8-7.
 
Лукоил преку пенали до шампионската титула

Монтенгро 5-6 пенали(0-0) Лукоил
Монтенгро: /
Лукоил: /
Екипите на Лукоил и Монтенгро финалниот дуел го започнаа со дефанзивна игра во која чекаа да искористат грешка во нападот на противничката екипа, па така преку контранапад да дојдат до гол. Но на двете страни се играше претпазливо и не дозволија да се дојде до чиста ситуација за гол, па на крајот мрежичките мируваа и полувремето заврши со 0-0. Истата ситуација се преслика и во второто полувреме. Се играше доста затворено без реални шанси за гол, и двете екипи како да чекаа да влезат во пенал завршница која на крајот и ја добија. Во пенал завршницата екипата на Лукоил имаше поладна глава и стигна до победа.
21 мај 2015 - 10:40