Хамилтон ќе заработува 44 милиони долари годишно

Актуелниот шампион во Формула 1, тимот на Мерцедес соопшти дека потпишал нов три-годишен договор со нивниот пилот Луис Хамилтон.

Заклучно со бонусите, 30-годишниот Британец ќе заработува 44 милиони долари годишно, што дополнително ќе го мотивира да ја одбрани титулата освоена минатата година.
 
Хамилтон доминира и на почетокот на оваа сезона и веќе има три победи на пет трки годинава. Неговиот договор со Мерцедес истекуваше на крајот од сезонава, а од Мерцедес решија да стават крај на шпекулациите за неговото заминување.
 
Луис Хамилтон дојде во Мерцедес-АМГ во 2013. година откако цели шест години возеше за Мекларен за кого и дебитираше и во 2008. ја освои првата титула во Ф1.
 
На претходната трка во Каталуња (Шпанија), Мерцедес славеше еден-два победа, откако Нико Розберг заврши прв, а Луис Хамилтон втор. Следната трка се вози за ГН на Монако на 24. мај во недела.
 
Хамилтон на Твитер објави фотографија од Монако:

21 мај 2015 - 10:37