Монтенегро преку пенали до финале

Екипите на Монтенегро и Лукоил се годинашните финалисти во Бизнис лигата на Македонија.

Монтенегро преку пенали до финале

Монтенегро 8-7 пенали(3-2) УНИКА
Монтенегро: Горан Новакоски 3’, Љубиша Јовановски 12’, Ивица Јанковски 19’
УНИКА: Александар Петрушевски 5’, Љуљзим Каштањева 14’, Арбен Бајрами 24’
Борбата за финалето ја почнаа екипите на УНИКА и Монтенегро. Играа доста брз и отворен фудбал полн со атрактивни потези и уште поатрактивни голови. Се играше гол за гол во текот на целото прво полувреме. Екипата на УНИКА не успеа да го искористи играчот повеќе, по што следеше шанса која Монтенегро ја искористи за минимална предност на полувремето од 3-2. Во второто полувреме екипата на УНИКА успеа да го изедначи резултатот и се продолжи да се игра крајно изедначен натпревар во кој ниедна од екипите не успеа да постигне гол, па се влезе во пенал завршница. Во изведувањето на пеналите подобра беше екипата на Монтенегро која се пласираше во финалето во овогодинешната Бизнис Лига.
 
Времето сојузник на Лукоил во дуелот со Алкалоид

Лукоил 8-7 (6-3) Алкалоид
Лукоил: Дејан Зиков 2’, 9’, 21’, Борче Василев 4’, Марјан Цветковски 5’, Љупчо Апостоловски 11’, Жарко Климкаров 13’, Петар Костов 35’
Алкалоид: Николче Дамјановски 3’, 24’, Оливер Христовски 17’, 18’, 38’, 40’, Нико Този 32’
Втората полуфинална двојка ја сочинуваа екипите на Алкалоид и Лукоил. Екипата на Алкалоид уште на самиот старт настапи со голман играч сакајќи да го изненади Лукоил, но наиде на одлично подготвен противник кој беше максимално сконцентриран и со сигурна реализација стекна солидна предност која Алкалоид преку Оливер Христовски се обиде да ја намали, па на полувремето се замина со 6-3. Во второто полувреме се продолжи да се игра отворен фудбал, екипата на Алкалоид беше настојчива и се обидуваше да го фати вистинскиот ритам. Но се чинеше прекасно, времето беше сојузник на Лукоил кој го доби овој натпревар со минимални 8-7.
15 мај 2015 - 10:01