Ако не ми го признаеш поенот, толку од другарството

Во најмала рака чудно е да се опише тоа што се случуваше на тенискиот дуел меѓу Жоао Соуза и Јирген Мелцер на АТП турнирот во Женева.

Еден поен веројатно ги скара добрите другари Јирген Мелцер и Жоао Соуза кои најчесто играат во дубл, а на турнирот во Женева се пробаа во сингл категорија.

„Се колнам дека ако не ми го препуштиш поенот, нашево пријателство е завршено“.

Тоа му го порача Мелцер на Соуза на сред терен, по една ситуација која не делуваше толку сериозна. Германецот скрати една топка, Соуза тргна по неа и со крајни напори го врати ударот, но Мелцер не реагираше затоа што според него топката веќе два пати паднала во противничкото поле. Португалецот продолжи со игра, затоа што сметаше дека топката не тапнала два пати во негово поле.

„Се колнам, сто посто сум сигурен дека не падна два пати“, возврати Соуза. Главниот судија беше толку збунет што не знаеше што се случува на теренот.

„Не мислев дека пријателов ќе ми направи вакво нешто после толку години познанство“, беа последното нешто што го кажа Мелцер и се врати на основната линија.

По овој поен, Мелцер го загуби и сетот и мечот со 6-4, 6-4. Сигурно го загуби и трпението, а веројатно и долгогодишниот соиграч во дубл.

Во необична ситуација Соуза се најде и во мечот во првата рунда. Пред да игра со Мелцер, се сретна со Жоао Соуза, тенисер од Бразил со исто име и презиме како неговото. Комична ситуација имаше на теренот, каде судијата поените ги доделуваше со повици Соуза Бразил и Соуза Португалија.

21 мај 2015 - 13:56