Тајната на Рафа Надал на Ролан Гарос

За цели 10 години Рафа Надал загуби само еднаш на Ролан Гарос и има учинок од 69 победи и 1 пораз. Не е случајно што Шпанецот доминира на Гренд слемот во Париз.

Покрај левата рака која често му ја споредуваат со ласо и неговата ментална сила, Надал има уште едно тајно оружје: теренот. Ниту еден тениски терен не е толку просторен како Филип Шатрие, главниот терен на Ролан Гарос.

„Како Маракана е", прокоментира Густаво Куертен, трикратниот шампион на Френч Опен кој го спореди Шатрие со огромниот стадион во Рио де Жанеиро.

Секако дека Надал би сакал до крајот на својот престој во Париз да игра на Шатрие, иако денешниот дуел со 22-годишниот Американец Џек Сок ќе го одигра на Сузан Леглен поради вчерашните дождови.

Дополнителниот простор на Филип Шатрие му овозможува на Надал да игра најдобро што може: Да скита неколку стапки зад основната линија, да ги вади топките од аглите, да ритернира длабоко на полето на противникот и да ги излудува офанзивно настроените играчи.

„Да бидеш негов противник на Филип Шатрие, мораш да се вложиш себе двојно повеќе од било кој друг терен на светот, затоа што има многу повеќе простор и ти се чини дека не можеш да направиш винер", изјави светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, кој би можел да се сретне со Надал во четвртфиналето. „Тој ја стигнува секоја топка", констатира Ноле.

За цели 10 години Рафа Надал загуби само еднаш на Ролан Гарос и има учинок од 69 победи и 1 пораз. Не е случајно што Шпанецот доминира на Гренд слемот во Париз. Во саботата изјави дека ако е до него, тој би сакал да го игра секој меч на теренот кој го сфаќа неговиот инстинкт, каде може да лизга повеќе, да трча подолго и да ги враќа ударите зад основната линија.

Комплексот Филип Шатрие е изграден во 1928 година и бил домаќин на славните денови на француската Дејвис Куп генерација со „Четворицата Мускетари". Името го добива по почесниот претседател на француската тениска федерација.

Од сите четири Грен Слем стадиони, Филип Шатрие има најмал капацитет од 14.800 гледачи. Со 32 метри зад основната линија, Шатрие сепак е подолг од Централниот терен на Вимблдон и од Артур Еш Стадионот на УС Опен. Димензиите на Шатрие се приближно исти како оние на Род Лејвер Арената во Мелбурн.

Во ширина, каде играчите се движат поретко, Шатрие има 21 метар и е приближни димензии со Централниот терен на Вимблдон кој е широк 22 метри. Род Лејвер теренот е широк 25 метри.

Рафа Надал ја игра најслабата сезона од 2003. година, две години пред да го освои Ролан Гарос за прв пат. Шпанецот не освои ниту една титула на европско тло сезонава и има пет порази, колку што немаше за четири години од 2006. до 2010. Во саботата го победи Русинот Андреј Кузнецов 6-1, 6-3, 6-2 и денес игра против Американецот Сок (22).