Ракомет

Довчерашниот клуб на Кире Лазаров згаснува

Минатогодишниот финалист од ракометната Лига на шампиони, Атлетико Мадрид поради тешки финансиски проблеми денеска го потврди своето згаснување.

Барса и ПСЖ на мегдан против Вардар

Македонскиот шампион немаше многу среќа. РК Вардар Про на извелкувањето за ракометната Лига на шампиони за противници во групата ги доби екипите на Барселона и Пари Сен Жермен, а можеби ќе се сретне и со Металург.

Македонија во група со домаќинот на европскиот шампионат

Ракометната репрезентација ги доби противниците за наредното Европско првенство во 2014 година. Избраниците на Обрван силите ќе ги одмерат против шампионот Данска, како и против Чешка и Австрија.

Металург доби вајлд карта

Клубот од Автокоманда кој изминатава сезона го постигна историското четвртфинале во ракометната Лига на шампионите доби шанса да се бори за пласман во елитата и наредната сезона.

Македонија го слави пласманот на Европско

Македонската ракометна репрезентација со доминантна и зрела игра против Португалија заслужено стигна до третото Европското првенство кое се игра наредната година во Данска. Во преполнетата „Борис Трајковски" нашите ракометари тотално ги надиграа Португалците убедливо со 26:19.

Кире Лазаров ја претстави „Седумката“

Нашиот најдобар ракометар кој пред само една недела стана член на гигантот Барселона, најважните моменти од својата кариера ги сподели со јавноста во својата автобиографска книга „Седум".

Македонија ја освои потребната победа во Цирих

Македонската ракометна репрезентација си ја заврши работата на гостувањето во Швајцарија и со победа од 27:22 остана во игра за второто место во групата кое обезбедува пласман на Европското првенство во 2014-та година.

Кире Лазаров официјално потпиша за Барселона

Најдобриот македонски ракометар и официјално потпиша за Барселона. Кире Лазаров од денес е нов член на шпанскиот ракометен шампион.

“Војната“ на Кале му припадна на Вардар

Натпреварот на сезоната во македонскиот ракометен шампионат му припадна на Вардар Про кој во драматичен меч славеше над Металург со 22:19 и ја освои шампионската титула во првенството со што избори директен пласман во Лигата на шампионите.

Хамбург за прв пат до европската круна

Ракометарите на Хамбург кои дебитираа во финалето од Лигата на шампионите во драматична и неизвезна битка успеаа да слават над големата Барселона во продолженијата со 30:29.

Барселона и Хамбург финалисти во Лигата на шампионите

Гигантите од европската ракометна сцена стигнаа до финалето од најквалитетното клупско ракометно натпреварување. Шпанците ја оправдаа фаворитската улога против полски Кјелце со 28:23, а во германското дерби Хамбург славеше против Кил со 39:33.

Станиќ во тимот на сезоната во ЛШ

Голманот на Металург со одличните партии оваа сезона во најквалитетно клупско ракометно натпреварување заслужено се најде во најдобриот состав.

Лазаров ќе го напушти Атлетико

По серијата на шпекулации во последно време, разрешена е дилемата околу иднината на македонскиот ракометен репрезентативец. Кирил Лазаров по три успешни сезони ќе го напушти Атлетико и ќе мине во друг клуб.

Видео технологија и во ракомет

Европската ракометна федерација ќе воведе нова технологија за анализа на спорни моменти при постигнување на голови.

Металург со пораз ќе патува во Киелце

Иако големата четвртфинална битка во првото полувреме мина во знакот на Металург кој беше постојано во водство, ракометарите на Киелце со пресврт во вториот дел ја демонстрираа фаворитската улога и славеа со 27:25.

Червар: Во недела со две срца на терен

Нашиот претставник во ракометната Лига на шампиони освен што го поправи минатогодишниот пласман и се пласираше во големата осумка на европскиот елитен ракомет, сега пред себе ја има најсериозната и најтешката пречка во историјата, а тоа е влезот во фајнлфорот.

Загреб КО е новиот шампион во СЕХА лигата

Во исклучително тврдо и неизвесно финале, екипата на Вардар Про не успеа да го одбрани трофејот во регионалната СЕХА лига и загуби дури во продолженијата од хрватскиот претставник Загреб Кроација Осигурување со 25:24.

Кроација е новиот шампион во СЕХА лигата

Во исклучително тврдо и неизвесно финале, екипата на Вардар Про не успеа да го одбрани трофејот во регионалната СЕХА лига и загуби дури во продолженијата од хрватскиот претставник Загреб Кроација Осигурување со 25:24.

Во драматичен крај Вардар го доби жешкото полуфинале

Ракометарите на Вардар Про беа подобар противник во големото градско дерби и заслужено втора година по ред изборија пласман во финалето на регионалното ракометно натпреварување каде ќе се сретнат со Кроација Осигурување. Конечниот резултат беше 22:21.

Кроација е првиот финалист во СЕХА лигата

По првото неизвесно полувреме, екипата на Кроација Осигурување се покажа како подобар противник во вториот дел и славеше над Мешков Брест со 31:29. Во вториот полуфинален дуел од регионалното натпреварување се среќаваат градските ривали Металург и Вардар Про.

СЕХА завршницата во знакот на македонското дерби

Најдобрите 4 екипи од регионот ќе го заокружат фајнлфорот во ракометната СЕХА лига. Загреб Кроација во полуфиналето ќе ги одмери силите со Брест Мешков од Белорусија, а очите на македонската спортска јавност ќе бидат вперени во дербито Вардар Про-Металург.

Киелце ја распродаде салата за само 2 минути

На скоро 3 недели до стартот на реванш четвртфиналниот дуел помеѓу Киелце и Металург во рамките на ЛШ, во Полска владее вистинска ракометна треска. Салата „Легионов" во Кјелце со капацитет од 4200 седишта е распродадена за само 2 минути.

Македонија високо поразена од светскиот шампион

Иако според играта и пристапот во првото полувреме, избраниците на Обрван ја поправија лошата игра од првиот дуел и добро се носеа против големата ракометна сила, на крајот доживаа убедлив пораз од 29:17 во четвртото квалификациско коло за Европското првенство во Данска.

Македонија потфрли против светскиот ракометен шампион

Репрезентацијата на Шпанија која влезе како апсолутен фаворит во нашата квалификациска група за европскиот шампионат во Данска, рутинирано и без никакви тешкотии славеше против нашиот национален тим со 17:24 во деби мечот на хрватскиот селекторот Ивица Обрван.