Обрван го објави списокот за ЕП во Данска

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван го обелодени списокот на играчи за престојното Европско првенство кое е закажано за следниот месец во Данска.

На поширокиот список од 29 ракометари има дури 15 играчи од вицешамппионот Металург и шестмина од Вардар, а новитет се натурализираните Македонци, Ренато Вугринец и Немања Прибак кои вчера и официјално станаа македонски државјани.

Состав:

Голмани: Петар Ангелов (Вардар), Борко Ристовски (Гумерсбах), Никола
Митревски (Металург), Стефан Кимевски (Металург)

Крила: Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Металург), Владо
Недановски (Вардар), Гоце Георгиевски (Металург), Владимир Темелков
(Керјенг), Златко Мојсоски (Металург)

Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Металург), Ванчо
Димовски (Металург), Игор Павловски (Зомимак)

Бекови: Наумче Мојсовски (Металург), Бранислав Ангеловски (Констанца),
Филип Миркуловски (Металург), Филип Лазаров (Вардар), Кире Лазаров
(Барселона), Влатко Митков (Кремс), Дејан Пецаковски (Металург), Немања
Прибак (Вардар), Ренато Вугринец (Металург), Никола Стојчевски
(Редбергслидс), Аце Јоноски (Металург), Велко Маркоски (Металург), Мите
Стоилов (Вардар), Мартин Манасков (Металург)

Европскиот ракометен шампионат ќе се одржи од 12 до 26 јануари следната година, а Македонија е дел од групата А каде ќе се сретне со домаќинот Данска, Чешка и Австрија.

За Македонија ова ќе биде трето учество на ова континентално натпреварување. На првото Европско во Италија во 1998 година завршиме на последната 12 позиција, а на минатото во Србија во 2012 година го постигнавме историското петто место.

12 декември 2013 - 11:49