Кире Лазаров одигра маестрален меч во третото коло од Лигата на шампионите и беше најзаслужен за високиот триумф на Барселона над македонскиот вицешампион Металург со вкупно 9 гола.
Со одличната партија сосема заслужено си обезбеди место во дрим тимот за ова коло заедно со неговиот клупски колега, голманот Штербик.
Лазаров по три минати кола во ракометната Лига на шампионите постигна 19 гола и се наоѓа на четвртата позиција на најдобри стрелци која ја дели со шестмина ракометари меѓу кои и вардарецот Тимур Дибиров.
Идеален состав на колото:
Голман: Арпад Штербик (Барселона)
Лево крило: Уве Геншејмер (Рајн Некар Ловен)
Лев бек: Ласе Андерсон (Колдинг)
Среден бек: Петар Ненадиќ (Висла)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило: Марио Шоштарич (Горење)
Пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем)