За разлика од вчерашната мега пресметка помеѓу Манчестер и Реал каде картите беа целосно отворени, вечерашните два дуели носат помала неизвесност околу идните два патника во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.
Валенсија ќе се обиде да ги надополни оние 2:1 од првиот дуел на „Местаља", но за таквиот подвиг пред себе го има амбициозниот состав на Карло Анчелоти кој годинава изгради силен состав за високи дострели. Само како потсетување, ПСЖ последен пат се пласирал помеѓу најдобрите 8 екипи во Лигата на шампионите во 1995 година.
За да остане во игра Валенсија ќе мора да ја прекине фантастичната серија на французите од 22 меча без пораз на домашен терен на европските натпреварувања. Последен пат загубија од Хапоел Тел Авив во 2006 година со 4:2.
Со уште потешка задача се соочува шкотскиот претставник Селтик кој оваа сезона ќе остане запаметен по сензацијата која му ја приреди на тимот на Барселона кој го порази со 2:1 во групната фаза.
Единствениот дуел во Торино помеѓу овие две екипи во најклвалитетното клупско европско натпреварување се случи во 2001 година кога во групната фаза „Старата дама" славеше со 3:2. Актуелниот италијански шампион има импресивен рекорд од само еден пораз на домашен терен во Лигата на шампионите на последните 29 средби.