Хрватскиот напаѓач во два наврати бараше правда од српскиот судија Милорад Мажиќ кој најпрво не го виде лактот кој Манџукиќ го доби од Рамос, а потоа и гризењето и ударот на Карвахал. Прекршоците не беа санкционирани ниту со картони, а немаше реакција ниту од помошниците на Мажиќ.
„Се зборува дека сум пробал да го гризнам Манџукиќ. Но тоа не е точно, никој не сум гризнал и ниту сум се обидел да го направам тоа", изјави Карвахал
„Судијата беше многу лош. Не може за ваков тип на натпревар да суди Србин. Се надевам дека за реваншот ќе изберат подобар судија“, изјави фудбалерот на Атлетико Марио Суарез кој поради жолт картон нема да настапи на 22 април.
Другиот четвртфинален дуел го реши Чехот Павел Краловец кој во 56 минута прекршокот врз Мората кој се случи надвор од шеснаесетникот, го санкционираше со удар од 11 метри.
„Голема неправда. Сите видоа дека мечот го одлучи непостоечки пенал. Се надевам дека нема да биде пресуден по раваншот“, изјави тренерот на Монако Леонардо Жардим.