Јувентус и ПСЖ очекувано во четвртфиналето

На вечерашните два осминафиналните дуели од Лигата на шампионите, фаворитите само го потврдија пласманот помеѓу најдобрите 8 екипи. ПСЖ ремизираше 1:1 на „Паркот на принцовите“, а „Старата дама“ славеше и во вториот дуел против Селтик овој пак со 2:0.

Парис Сент Жермен по пауза од 18 години се пласираше во осмифиналето на најелитното клупско европско натпреварување. По триумфот на „Местаља“ од 2:1, избраниците на Анчелоти играа опуштено на вечерашниот реванш и воопшто не беа опасни по голот на Валенсија.

Шпанците се обидоа да им ги расипат сметките и го изнинадија противникот со прекрасниот погодокот на Џонас во 55 минута. Ремито стигна многу брзо по само 11 минута игра по една несмасна интервенција на одбраната на Валенсија која го остави Лавеци сам, очи во очи со голманот Гуаита.

Втората пресметка во Торино која претставуваше само ревијален меч за двете екипи, по големата предност од 3:0 по првиот дуел, италијанскиот шампион повторно стигна до триумф. Резултатот го отвори Матри со погодок во 24 минута, а конечните 2:0 ги постави Кваљарела во 65 минута.

6 март 2013 - 22:49