Селтик - Јувентус 0:3 (0:1)
Матри 3, Маркисио 77, Вучиниќ 83
Јувентус ги шокираше домашните навивачи уште во 3-та минута. Матри ја искористи лошата интервенрција на Емброуз, излезе сам пред голманот Форстер и ја испрати топката кон голот. Вилсон се обиде да ја исфрли топката која дојде до Маркисио и тој ја смести во мрежата, но голот му беше припишан на Матри.
Во продолжение на првиот дел, фудбалерите на Селтик ја контролираа играта и упатија повеќе удари кон голот, но без посериозно закана, а Јувентус беше опасен од контри.
Шкотланѓаните продолжија со притисокот, но фудбалерите на Јувентус беа тие кои знаеа како да ги искористат своите шанси. Во 78-та минута Маркисио искористи полуконтра и зголеми на 0:2, а сите надежи на Селтик ги уништи Вучиниќ со третиот гол на Јувентус во 83-та минута.
Валенсија - ПСЖ 1:2 (0:2)
Рами 90 - Лавеци 10, Пасторе 43
ПСЖ тргна офанзивно уште од самиот старт и во 9-та минута Моура ја погоди стативата, а веќе следната минута и водеа со 0:1. Пасторе го проигра Лавеци кој влезе во шеснаесетникот и го совлада Гуаита.
Фудбалерите на Валенсија се обидоа да возвратат, но на 2 минути пред крајот на полувремето, ПСЖ по втор пат ги казни. Моура одлично се проби во шеснаесетникот од десната страна и му асистираше на Пасторе кој низ нозете на голманот на Валенсија стрелаше за 0:2.
Домаќините ја имаа иницијативата во второто полувреме, а надежта во финишот ја врати Рами. Веќе во следната минута црвен картон заработи Ибрахимовиќ и тој ќе го пропушти реваншот во Париз.