Ариведерчи Јуве со мајсторски слободен удар на Оливеира во 115-та минута

Трилер четвртфиналето во Торино заврши по 120 минути фудбал со елиминација на Јувентус и покрај триумфот од 3:2. Порто водеше на полувреме, Киеза со два гола го сврте мечот и со 2:1 го однесе Јуве во продолженија. Драмата продолжи во финишот во кој паднаа два гола.

Во 115-та минута Серџо Оливеира со мангупски слободен удар по земја го постигна голот вреден четвртфинале, а две минути подоцна Рабио ги постави конечните 3:2. Трета предвремена елиминација на Јувентус по ред со Кристијано Роналдо кој важеше за фаворит на овој дуел и плус играше 1 час со играч повеќе откако во 54-та минута црвен картон доби Мехди Тареми.

ЈУВЕНТУС - ПОРТО 3:2 по продолженија (Прв меч 1:2)

0:1 (Оливеира 19`)

1:1 (Киеза 49`)

2:1 (Киеза 63`)

2:2 (Оливеира 115`)

3:2 (Рабио 117`)

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - Севиља 2:2 (Прв меч 3:2)

1:0 (Халанд 35`)

2:0 (Халанд 48`)

2:1 (Јусеф Ен-Несири 69`)

2:2 (Јусеф Ен-Несири 96`)

9 март 2021 - 23:48