Тие што имате машки деца, ве фаќа ли понекогаш параноја дека „некад, кога ќе порасне, таму некоја може да му остане трудна?” Затоа што сега не мора да настапувате со хорор приказни за болести и несакани обврски на 16 години. Односно, продолжете вие со приказните, ама барем малку помирно ќе се спие: можно е да можете да им набавите апчиња.
На човек на кој првиот добар лак во животот му бил Сали Хансен лак може ќе му биде тешко да поверува, ама кога ќе ти текне дека тоа е голема фирма што по дефиниција обично краде од малиот човек - па и не толку. Значи магнатот за лакови Сали Хансен го тресе скандал - со крадење финти од една што прави нокти.
Кого и да прашаш, првиот одговор би му бил „веројатно лесно и пријатно.” Веројатно би се појавил дури и презир и одмавнување со рака, со една самоувереност, како да се знае како „тие работи функционираат”. Една жена, некаде на крајот од шестата деценија од животот, за The Cut анонимно ја раскажува нејзината приказна за движење низ животот кога си преубава.
На црева како нас не им недостасуваат луѓе за секоја можна свадбена позиција и обврска, плус тотално е бизарно да помислиш дека треба да изнајмиш човек за на свадба, а тоа да не е за фотографија или музика. Што не значи дека по свет не може да функционира, на пример: рентање на деверуши.
Фотографот Метју Сперцел петти пат ја покрива модната недела во Токио, и вели „Омилен пазар ми е за покривање - најдобар уличен стил според мене. Освен што сликам влегувања и излегувања од ревии, сакам да шетам низ улици и зад ќошеви и да наоѓам уште повеќе.”
Од вести, до серии, реални шоу-а, контактни емисии, па и филмови, сè што е женско и што ќе се појави на телевизија, ја има истата фризура. Онаа, така малце фениранка, ама не премногу. Божем свртена нанадвор, ама така, необавезно.
Или, уште поважно прашање - дали сме спремни воопшто да се откажеме од феноменот fast fashion, најмногу поради фактот што имаме една од најниските просечни плати во Европа?
Во уште еден величествен пример каде модата врши директно влијание врз општеството, а во случајов - статитстичките податоци за стапката на самоубиство во Јапонија, Refinery29 нè запознава со Yami Kawaii. Едноставен превод нема, ама ако мораме, тогаш - нешто слатко и мило, со многу мрак во него.
Без да дискутираме за социолошкиот феномен наречен инфлуенсери, можеме да заклучиме дека многу од нив тврдат (и бескрајно се среќни) што тешката шминка со многу слоеви и производи останува во 2017-та и треба да ѝ кажеме чао.
Ешли Греам не ја интересира дали некој ќе твита за нејзе дека е дебела и дека нешто не ѝ стои. Носи хоризонтални штрафти, тесни фармерки и тврди дека сè додека е добар кројот - можеш да носиш што сакаш. Ама има начин за тоа.
„Сакам да направиш нешто пред да влезеш во тој живот: да живееш сама некое време. Сакам ова да си го подариш себеси, дури и ако лудо се вљубиш на мали години.”
Го продолжуваме трендот на „Рамбо” и „Пикард” со тоа што Данаи Гурира засекогаш ќе остане нагалено Мишон. Овој пат, без периката од „Живи мртовци” што упорно нè тера да се запрашаме кога успева да ја оддржува, и без катаната, затоа што ова е фотосесија инспирирана од нејзината улога во „Црниот пантер”.
Прашањево го поставува една читателка на The Cut, која очигледно не е наша. Кај нас тие работи идат поинаку. А, (спојлер) одговорот на прашањето е „да”, за кај нас особено, затоа што е ред да се научиме дека не се сели само затоа што се мажиш. Сепак, има повеќе нешта што треба однапред да ги спремиме.
Постојаната борба на Аргентина со инфлација и невработеност, заедно со недамнешниот подем на увозната „брза мода”, им отежнува на локалните брендови да се вклучат на глобалната модна сцена. А сепак, нови, сјајни креативци, посебно во Буенос Аирес продолжуваат да вадат импресивни колекции со истиот прогресивен жар како омилените дизајнери на Њујорк и Лондон, притоа збогатувајќи ги со духот на Јужна Америка што само ним им припаѓа.
Модниот консултант, актер и професор, кој веќе заслужува сопствена категорија во поп-културата, го викаат кај стигнат да сподели контроверзно мислење од причина што - човекот нема кочница. Особено за ликови што ги презира од дното на душата. И да видиме дали ќе продолжат да цветаат медиокритети, ако пола од луѓето што ги познаваме се исто вака со ласерски издепилиран јазик.
„Неодамна, донесов една финансиски неодговорна одлука да се вљубам во мирисот на Carnal Flower. Истовремено е и свеж и наметлив. Како млеко за сончање и цвеќиња. Брендот го опишува како 'Расцветан магнетизам'. Останатите го опишуваат како 'Неверојатно скап',” ја почнува новинарката Ева Алт нејзината приказна за хакнување на скапи парфеми.
Не е тоа само „станување рано”. Скоро сите стануваме рано, финтата е да бидеш меѓу оние луѓе што среќно стануваат. Ор Готам од Into The Gloss има нешто да каже на темата.
Вјеран Миладиновиќ беше првиот јавно деклариран транвестит во Југославија и ѕвезда во филмовите на Желимир Жилник. Во светот на шоу-бизнисот беше познат како „Мерлинка”, а приказната за неговото убиство и денес предизвикува мачнина - никој не одговараше за тоа страшно злосторство.
„Кратко откако се смирив со еден поранешен дечко,” почнува Харлинг Рос во своето излагање за Man Repeller, на тема што пред 10 години не ни постоеше, „сфатив дека е време за еден разговор. Го седнав, ја ставив раката на неговото колено, го погледнав длабоко во очи и реков, ‘Навистина мораш да почнеш да ми лајкаш на Инстаграм.’”
Насловот на видеото е „Трик за туш што ќе ви го смени лицето”, па најпредвидливо на свет, го кликаат половина милион луѓе. Да видиме дали стварно го бива.