Зошто „злобните девојки“ носат розево?

Ако помислите на сите класика тинејџерски филмови (средно школо, една добра, две-три лоши, најпопуларна, гик, спортист, сѐ тоа) веројатно пред очи ќе ви излезат и бои (затоа што тие филмови беа бескрајно шарени) и една боја ќе ви се повтори кај одредени ликови. „Злобните“ носат розево.

Зошто е важно да се зачуваат семејните рецепти

Рецептите се магични - спомени од детството посебно знаат да те обземат преку вкус. Можеби е рецепт на прабаба ти донесен од некој стар крај и те потсетува на семејни ручеци. Или нешто што баш мајка ти го има измислено и никој не прави такво. И без разлика што овие рецепти се нишка во платното на едно семејно наследство, да се зачува секоја состојка и мерка е тешко. Тогаш, како да се биде сигурен дека семејните рецепти ќе се пренесат на следните генерации кои ќе ги ценат и ќе ги однесат во некој нов век?

Зошто никогаш нема да изгледаш како инфлуенсерка

Ако си машко, океј, знаеме зошто. Ама ако си женско - ај уште еден римајндер - затоа што ни инфлуенсерките не изгледаат како инфлуенсери

Водич за креирање удобни ќошиња во домот

Елизабет Тамкин, писателка за Мен Репелер, неодамна ја открила магијата на создавање на cozy corner - тоа е кога внимателно бираш мебел и предметчиња чија основна цел е да ти создадат чувство на удобност, радост, хиге, среќа и креативност и ги ставаш во одреден дел од куќата или станот затоа што ти си добар човек и заслужуваш убави работи. И еве, сега ќе ни раскаже како.

Како се облечени луѓето во Њујорк?

Вака затворени, со по едвај некој комшија што нѐ пушта преку граница, лесно е да ни се појави желба да тргнеме на peoplespotting по свет. Добро, да не се заебаваме, пукнати сме по патување од февруари наваму и ни се плаче на секој Визер мејл дека „има попусти ама ако леташ од Краков“ и тоа е.

Елен Деџенерес не е толку фина колку што мислите

Неодамна експлодираше скандал околу „Шоуто на Елен“, кога еден куп вработени се пожалија дека биле жртви или барем сведоци на токсична атмосфера. Светот што прати селебрити фаци беше (и сѐ уште е) во шок, најмногу поради јавната персона на Елен Деџенерес која важи за „фина“. Само што, Елен како да сакаше да најави дека не е баш толку фина.

Како Керолајн Лабушер станува манекенка?

Не би било фер да кажеме „додека ние викаме види колку е стара, светот ѝ се восхитува“, затоа што, ако сме реални, цел свет пати од ејџизам. Насекаде жени едвај наоѓаат работа затоа што имаат над 50, се мачат со предрасуди и потценување, ама ете, понекогаш, на светот ќе му притреба ваков формат на човек и ќе дозволи. Или, таа ќе се протне, упорна, издржлива и самоуверена. Резултатот во случајот е величината на Керолајн Лабушер.

Дневна доза медитација

Можеби немате трпение да медитирате, или пак да влечете вакви тенки линии со мали четки за да создадете мозаик од Дизни-принцези. Ама дека можете мирољубиво да зјапате во процесот на девојчево - можете, и тоа фино ќе ви дојде.

Зошто средновековните Европјани биле опседнати со долги, шилести чевли?

Во 1463, Лондон ги забранува чевлите на неговите најфенси мажи. Овие дотеранки господа почнале да претеруваат во својата дотераност и по улица шетале во долгнавести чевли со форма на морков. Се викале „кракови“ или „пулени“ и кралот Едвард IV во еден момент толку многу се навредил од нивниот глуп изглед што донел цел закон да не смеат да се носат чевли чии врвови се подолги од 5 цм после прстите.

Јас ли сум гомното во случајов?

Пак имаме Редит трач. Има сабредит (канал) со наслов Am I The Asshole? на кој луѓе споделуваат приказни од животот каде што се спротиставиле на одредена личност, па други одговараат и кажуваат кој е тука црепот.

Oва веќе бара посебна рубрика

Да можеш да си дозволиш полна куќа маркетинг стратези и експерти (и адвокати) и пак да правиш глупости, треба да си Кендал и/или Кајли Џенер.

Златното доба на француската ривиера

Плажи во Сен Тропе, азурни базени во Монако и бротчиња што летаат со полна брзина се само дел од она што на јужна Франција ѝ дава магија што те тера да си речеш „Еден ден, многу скоро, и ја вака.“ А овде се умешно прикажани преку објективот на Слим Арон.

Дали претерувате со производите за нега на кожа?

Толку многу ги има на пазарот, и ветуваат неверојатни и различни резултати и ефекти, што купувачите се често во искушение да ги пробаат сите. Особено кога се работи за нов, многу зборуван производ, а такви има на секои неколку месеци. А вие имате само едно лице.

Како се шминка зрела кожа

Хиндаш не сме го знаеле, ама го знаеле 1,2 милиони луѓе ширум светот, што го следат на Јутјуб, па изгледа наш е пропустот. И додека ЈТ врие од туторијали што главно се прават на млада кожа, не врие баш толку од покажување - како да нашминкаш зрело лице и да изгледа фантастично.

Кај Кендал Џенер дома

Убава куќа, плус оддава впечаток дека ја нема пипнато сама, туку само има влезено дизајнер на ентериер и има решено сѐ. И потребна ни е куќава, некако.

10 најстрашни епизоди од „Зона на самракот“

Време е да се прошетаме низ спомени, особено онакви што само музика (шпица!) ти треба, за да те вратат во моментот кога прв пат си ги доживеал.

Опасна, 94 годишна баба што е појака од вас

ТикТок компилација од бабата на некој тип, со животни анегдоти, совети за убавина и општи фраерлуци што стануваат дел од личноста дури откако ќе наполниш 70. А женава има 70 со 24 години стаж.

Зошто прва ќе застанам во ред за вакцина

Добар ден, драг читателу. Се надевам дека овој текст те наоѓа здрав и со барем малку останати нерви во ова ненормално време. Сега очекуваш текст во кој некој ќе ти се дере и ќе ти рече, „Сите што не веруваат во вакцини се луди теоретичари на заговор, и сега јас ќе се спуштам од рајот, за на овој неук свет да му ја објаснам длабочината на неговата заблуда“. Такви луѓе ми се одбивни. Ова нема да биде таков текст.

‘Challenge accepted’: Женскиот, црно-бел Инстаграм-предизвик

Злите јазици може ќе речат дека славните пак си бараат рачка да ги има во јавност, ама - се случува нешто ретко, нешто крајно потребно, дури и луксуз - жени поддржуваат жени.

Најглупите барања за тетоважи

Во моментов, тату-мајстори, или луѓе што ги почитуваат, или општо - нормални луѓе што чуле барем еден моронски муабет на човек што „решил дека ќе се тетовира и најјака ќе му биде тетоважата“ превртуваат со очи. Затоа што знаат што следи.

11 неверојатни приказни за принцезата Маргарет

„За многумина, принцезата Маргарет беше црната овца во нејзината кралска генерација. Но таа репутација не ѝ пречеше којзнае колку,“ пишува во нејзиниот некролог во Њујорк Тајмс.

А можеби мирот ви лежи во правењето накит?

Тие што почнале викаат дека е откровение. Кога ги гледаш тие светкави тракатанци во излог не можеш ни да замислиш дека можеби те бива сам да ги направиш. Самиот процес е медитативен - нижење монистри, врзување јазли и виткање жица бара трпение и пракса, заедно со оние неколку фундаментални техники. И ако немате продавница во близина, сѐ може да се нарача онлајн

Како порното ме спаси од Холивуд

„Луѓето ме прашуваат за она што сега го работам. Без разлика дали се сосема непознати или шокирани пријатели, обично почнува со шепот, божем, ако ги кажеш тие зборови доволно гласно, некој може да умре. Луѓето се љубопитни и малку исплашени. Нивната замисла за порно е некоја верзија на Рон Џереми зад камера, со цигара, додека пред камера се одвива некоја издрогирана оргија. Нонстоп е испотен и вечно е 1975. И потоа ќе ме видат мене.“

Ај вака

Нешто многу си дозволуваат луѓе да кажуваат што смее, што не смее. Ред е да се разбереме околу дозволени и недозволени работи и еднаш засекогаш да разграничиме што е во ред, а што не. Малку е поразително што мора ова да се повторува, ама па кога ќе се излае некој јавно како е нешто неприфатливо (затоа што му го вреѓа префинетиот вкус, уредно одгледуван со години во неговата детска соба), ај.