Откако ќе се навикнете на преубавото кутре што го држи за време на поздравот и воведот, можете да се фокусирате на процесот.
Соработува со Керолајн Лабушер, манекенка што станува манекенка на 55 и совршен модел за она што треба да го покажат.
Од прва, вреди да се запамети дека пред да почне со шминка, става крем за околу очи, затоа што знаете што се случува околу очи после 50. И не само околу очи, ја става на сите посуви делови од кожата.
Плус крема за лице.
Па, дури потоа пудра.
Интересна финта, без разлика колку години имате - додека се работи на другиот дел од шминката и лицето, на усните става балзам за да си работи на омекнување и да бидат спремни за кармин.
Така се спасуваш од кармин во комбинација со парчиња мртва кожа што не би требало да си го дозволиш како look, катастрофа е тоа.
И уште една - ако изгледа многу мрсно (има хидратантни креми под пудрата), или ако веќе имате ситни брчки, без разлика на годините, корисно е да се истапка лицето со бјути блендер.
Руменилото е кремасто, и како такво е подобар избор за зрела кожа.
И уште едно важно - кафеав молив (линија со сенка, туш, што и да е) функционира на секого.