Минатата недела ја имавме во статијата за шминкање на зрела кожа, и уште од таму беше јасно дека бара истражување - не среќаваш секој ден како фалат од петни жили жена чија возраст во модниот свет се преведува како - за во старечки дом.
Маж ѝ е воено лице и долго се селат по свет, што нејзе воопшто не ѝ пречи, исто како што не ѝ пречи да проба да ја исфарба косата откако ќе ѝ искоментираат дека „не треба да и биде сива“ и како што не ѝ пречи да живее во сенката на нејзиниот сопруг.
Но, откако ќе ја поканат на кастинг за реклама што случајно оди и во Вог и во Татлер и најверојатно глобално ќе се шири - и ќе ја одберат, почнува сосема нејзина приказна.
И фотографиите од таму се феноменални:
Тоа ѝ дало друг правец во животот - на една неочекувана патека каде што таа има самодоверба, ја прифаќа својата возраст и просто - се радува што има 55 години.