Најглупите барања за тетоважи

Во моментов, тату-мајстори, или луѓе што ги почитуваат, или општо - нормални луѓе што чуле барем еден моронски муабет на човек што „решил дека ќе се тетовира и најјака ќе му биде тетоважата“ превртуваат со очи. Затоа што знаат што следи.

Прашањето поставено на Редит е:

Тату-артисти, која ви е најлоша „Сигурен си дека тоа сакаш?“ приказна?

И нормално, врие од реакции:

Еден лик со ужасна ѕвезда на образ, сакаше ЏИНОВСКИ дијамант за да ја покрие. Го одбив.

Тетовирам девет години, и моментот што нема да го заборавам е кога го истетовирав зборот „ЗБОРОВИ“ на пенисот на еден тип. Рече дека сакал така, за да може „да им става зборови во уста.“

Еден дојде и бараше „Оние рацене споени, со ланче“.

Бараше молитва со бројаница.

Замисли волку да си го сакаш мажот или дечкото, што ќе залепиш засекогаш идиотски цртеж од него на ребра што се во Топ 3 „Боли ли тетоважа?“

Еден човек дојде и бараше да му се тетовира ликот на ќерка му, ама не донесе слика и сакаше некако вербално да ми објасни. Го истетовирав името на ќерка му на ребра на крај.

Типот сакаше портрет на Вилијам Шатнер од ‘60-ти, замислен. И да му излегува балонче од глава, каде што ќе го има истиот портрет на Вилијам Шатнер, ама со бркови.

Значи, Вилијам Шатнер размислува за Вилијам Шатнер со бркови. Воодушевен бев колку е глупо. Ама портрети не ми се јака страна, па го пратив кај некој друг. Слушнав дека навистина го истетовирал тоа.

Се тетовирав и еден дојде да преговара за цена на тетоважа. Сакаше палец нагоре, на јајца. Мајсторот кажа 700 за да го пипнам и после тоа 150 долари на саат.

А замисли волку да го сакаш!!!

Еден дојде очигледно пијан, ама решив да го ислушам. Значи сакаше тетоважа на гениталии, Баузер со наочари за сонце, како свири на гитара со два врата, качен на даска за сурфање и зборовите „Среќен роденден, Рик“ над него, сето тоа врз голем лист марихуана, ама па и сето ова врз еден крст, затоа што „знаеш, многу е религиозен.“

Виолетов диносаурус, на лице.

Бараше баркод. Реков дека нема да работи, и ќе биде само декоративен. Типот вика добро. Завршувам и вади мобилен да го скенира. Не работи. Лут е.

28 јули 2020 - 01:25