Златното доба на француската ривиера

Плажи во Сен Тропе, азурни базени во Монако и бротчиња што летаат со полна брзина се само дел од она што на јужна Франција ѝ дава магија што те тера да си речеш „Еден ден, многу скоро, и ја вака.“ А овде се умешно прикажани преку објективот на Слим Арон.

Кај сте?

По дома?

Фино.

Дојдовме да ви направиме лиги со фотографии што зрачат ем гламур, ем раат. Луи Витон претставува преубава колекција со дел од најубавите дела на американскиот фотограф Слим Арон, кој овековечил бронза од згодни тела полегани по плажи меѓу ’60-те и ’80-те на минатиот век, како жив доказ за златната ера на француската ривиера. Периодот го дефинира новотокриено сексуално ослободување, економски бум и безгрижен џет-сет решен да си дозволи бесрамен хедонизам. Приватни клубови, вили од соништата и Медитеран - чисто во случај да се тешевте дека „и во двор не е така лошо.“

Не е ич, особено ако си меѓу твои, ама и ова не е за фрлање:

Книгата ја има тука и чини 50 евра.

4 август 2020 - 00:00