Споделуваат црно-бели фотографии од себе на социјални мрежи и пораки за женска солидарност и моќ, а хаштаговите им се: #challengeaccepted и #womensupportingwomen.
Потеклото на предизвикот не е баш јасно, имаше и сличен во 2016 (за ширење свест за рак), но целта е јасна - малку позитивност во пандемија.
Во предизвикот се појавуваат и неколку ѕвезди и се номинираат меѓу себе - Кери Вашингтон објави слика со шешир и кажа дека ја номинирала Ванеса Брајант, вдовицата на Коби.
И вели,
„Восхитена сум од моќта на жените кога се сакаат и се креваат меѓу себе. И ве обожавам!“
Гледате, симпатично. Којзнае дали ќе фати и кај нас.
Меѓу другите, Клои Кардашијан пиша, „До сите мои Кралици - да рашириме љубов и да внимаваме да бидеме пољубезни една со друга.“
Не можеш туку така да го изигнорираш, особено кога сме понавикнати на „Да ѝ цркне козата на комшиката“ отколку на „Ве сакам, кралици“.
Од помалку познатите (накај ич, прв пат ја гледаме, ама текстот под сликата ѝ е попаметен од на некои со милиони следачи), Џамила Ален споделува црно-бела слика и пишува:
„Не знам како се случило, но како жени сме научени да се гледаме меѓу себе како конкуренција. А сите имаме своја лента за трчање. Треба да се нормализира жени да поддржувааст жени. Обединети можеме многу повеќе да постигнеме.“