Зошто никогаш нема да изгледаш како инфлуенсерка

Ако си машко, океј, знаеме зошто. Ама ако си женско - ај уште еден римајндер - затоа што ни инфлуенсерките не изгледаат како инфлуенсери

Стефани Ланг ја имаме тука како поп-ап потсетник дека за една слика да стигне до милионите што можат да ја видат на Инстаграм, треба да помине низ одреден процес.

И колку повеќе потенцијални гледачи, толку подолг процес, исто така.

До некаде и сами имате стигнато: правиш 750 фотки од себе, за после да селектираш 10-тина, за кои не можеш да се одлучиш, па ги гледаш некое време (читај: додека не ти се смачат) за на крај да избереш две, и од тие да мораш да пресечеш.

Таа една што ќе победи, грижливо ја внесуваш во 3-4 апликации, од кои едната има најдобро црно-бело, другата најубаво измазнува без притоа да изгледаш како порцеланска кукла (на лош начин), а третата има најдобри филтри.

Дури потоа објавуваш и чекаш инстант-валидација од следачите кои во најдобар случај вербално ќе се воодушеват, а во најлош само ќе скролнат преку тебе.

Ова се случува со обични луѓе, а замислете што прават инфлуенсери. Сѐ горенаведено х100.

Ланг и самата признава дека знае да си разгледува сликички на Инстаграм и да начека некоја што ќе ја предизвика да помисли „Зошто јас не сум волку беспрекорна?!“ и покрај тоа што знае што точно влегува во процедура пред објавување слика.

Упатува и на еден (доста суров) Инстаграм профил каде што славните се прикажани не како стаклени фигури туку како човечки суштества чии лица имаат текстура и докази за минати пластични операции.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by WELCOME TO REALITY (@celebface) on

Значи, ако баш денес најдовте да се прашате „Зошто не личам на инфлуенсер“, бујрум:

6 август 2020 - 09:09