Водич за креирање удобни ќошиња во домот

Елизабет Тамкин, писателка за Мен Репелер, неодамна ја открила магијата на создавање на cozy corner - тоа е кога внимателно бираш мебел и предметчиња чија основна цел е да ти создадат чувство на удобност, радост, хиге, среќа и креативност и ги ставаш во одреден дел од куќата или станот затоа што ти си добар човек и заслужуваш убави работи. И еве, сега ќе ни раскаже како.

Во оваа зона не се дозволени екрани и нешта поврзани со работа и ова најдобар начин што сум го открила до сега за физички да ја одвојам работата од слободното време. Влегувањето во удобното ќоше му помага на умот да разбере дека е време да се опушти и ова дури заличува и на „одмор по дома“. Препорачувам удобно ќоше за сите што би извлекле нешто позитивно од оградување на личен простор. И еве неколку предлози.

1. Минимум две фотографии што ве радуваат, врамени со љубов. Не одам на одмор ова лето, па врамив две фотографии од моите последни експедиции за да ми помогнат да се потсетам на некои среќни травел-моменти и друштва.

2. Мало градинче со растенија за кои ќе се грижиш, ставени во убави саксии. Почнав да растам тревки на почетокот на карантинот иако не знаев колку ќе трае. Речиси пет месеци подоцна, босилекот ми е џиновски, а веќе потрошив цел род силантро. Доматите идат, а веќе некое време флертувам и со сет за растење печурки по дома.

3. Меки, вистински удобни детали. Да се вгнездиш во топли, удобни и пријатни нешта што „те држат“ е прекрасно. Воодушевена сум од идејата од вреќа-фотелји со одлични перници. Да се завиткаш во ќебе и да затвориш очи на секунда. А и да заспиеш, се будиш во најудобниот дел од куќата.

4. Мали нешта што ти ја разгоруваат креативноста. Сликам и понекогаш затворање за сите и црткање или сликање ме прави посвесна за мислите и идеите. Или плетење. Една колешка почна со плетење на почеток на карантинот и мислам дека е одлична идеја. Плус, помислете што сѐ можете да направите за себе.

5. Аксесоари за сѐ што читате. Признавам дека не сум некој неверојатен читател, но имам многу за учење и имам многу книги. Имам неколку винтиџ аксесоари за читање, bookends, букмаркери и топло препорачувам да посветите време на бирање на најубавите.

6. Звучници, за музика, аудио книги или медитација под водство. Голем дел од времето го поминувам во читање мејлови на компјутер, па слушање приказни е одличен начин да се избега од тоа. Слушалки или звучници околу вас и можете да влезете во друг свет преку подкаст или аудио книги.

7. Игри за додека слушате аудио книги. Игри што се како измислени за вакви ќошиња. Дали е сложувалка, или судоку, или карти за еден човек како Солитер, бирајте сами.

8. Сетап за пијалоци. Што и да ти е омилен пијалок, фино е да се има „ќоше во ќоше“ за пијалоци. На пример за правење и пиење чај. Никој друг не смее да го користи. Твое си е, во твојот личен простор. Сега уште да го избереш најомилениот и најсмирувачкиот пијалок за оптимална релаксација.

9. Еден извор на светлина што те прави среќна. Не е само столна ламба, туку столна ламба што те радува кога ќе ја вклучиш. Размисли.

10. Свеќи за суптилен сјај и ароматерапија. Свеќите се романтични на начин на кои ламбите никогаш нема да бидат, плус некоја што мириса на нешто што ти е омилено ќе ти дојде уште пофино.

6 август 2020 - 07:24