Како се облечени луѓето во Њујорк?

Вака затворени, со по едвај некој комшија што нѐ пушта преку граница, лесно е да ни се појави желба да тргнеме на peoplespotting по свет. Добро, да не се заебаваме, пукнати сме по патување од февруари наваму и ни се плаче на секој Визер мејл дека „има попусти ама ако леташ од Краков“ и тоа е.

Затоа, фала богу за интернет. Не е исто, ама ќе послужи во моментов.

Затоа што денес ќе гледаме како се облечени луѓе во Њујорк и што имаат да кажат на таа тема. Од кај знаете, може ќе ви се роди некоја инспирација. А на пипл-спотинг можете во секое време локално - тркнете до некој парк, седнете на клупа и набљудувајте. 

Ако ништо друго, барем за момент не сте мислеле само на себе и на сопствените проблеми.

Авторката на видеото:

Како и секогаш, овде се работи за наоѓање на личниот стил преку набљудување на туѓиот. Има неколку бисери тука што ептен ги бива да сложат маска со остаток од облеката.

Зборуваме за разбирање како да си го најдеш сопствениот стил, без разлика на маските. Забележете како некои покажуваат дека можеш да имаш стил и со основни парчиња и како некој цело време се шик и средени, без разлика дали имаат маски или не.

 

6 август 2020 - 04:19