Дали претерувате со производите за нега на кожа?

Толку многу ги има на пазарот, и ветуваат неверојатни и различни резултати и ефекти, што купувачите се често во искушение да ги пробаат сите. Особено кога се работи за нов, многу зборуван производ, а такви има на секои неколку месеци. А вие имате само едно лице.

Тешко е да се надмине поривот да пробаш сѐ и да се помириш дека едноставна рутина е тоа што може да направи чуда. Всушност, ако се фатите како купувате и пробувате нови производи и откриете дека има претерана или никаква реакција на кожата, многу е можно дека ви доаѓа премногу.

Според Кенет Хау, лекар во Векслер Дерматолоџи во Њујорк Сити, чест проблем што доаѓа со користењето на премногу производи е „вишок ефект“, што значи дека човек без да знае користи два производи што го прават истото. Ова или ќе ја изиритира кожата и ќе предизвика црвенило, грубост, осетливост и/или лупење, или ќе ја поништи ефикасноста на секој посебен производ.

„Нанесување на повеќе производи за кожа во слоеви, може да ѝ отежни на некоја активна состојка да навлезе во кожата.“

Ефективно се разводнува активната состојка ако мора да патува преку слоеви за да стигне до кожата. И нема да функционира така добро.

Бројот на чекори во рутината треба да зависи од две работи: она што сакате да го решите на кожата и колку може вашата кожа да толерира. Ова се разликува кај сите, но д-р Хау препорачува секој режим да има три или четири чекори.

„Тоа би вклучило чистач за лице, крем со активна состојка (анти-ејџ или осветлување на кожа) и хидратантна крема,“ изјавува за ПОПШУГАР. „Ако лицето има вистински проблем како акни или егзема, тогаш треба да се нанесе и лек, пред да се стави кремата.“

Ботом лајн: не можете да згрешите ако се држите до едноставно, но ако веќе морате да користите повеќе производи, тогаш барем бидете сигурни и обрнете внимание што има во нив.

30 јули 2020 - 16:26