Имало „токсична работна атмосфера“, а продуцентите се однесувале силеџиски кон вработените, се расфрлале со расистички коментари кон црните вработени и отпуштиле човек што земал боледување откако се обидел да се самоубие.
Од сведоштвата:
„Луѓето се фокусираат на гласини дека Елен е лоша, ама тоа не е проблемот. Проблемот е што има тројца извршни продуценти кои го водат шоуто и тие се одговорни за сите и тие ја создаваат таа култура на безобразлук и силеџиство. Сметаат дека сите што работат на шоуто имаат среќа, така што, ако имаш проблем, ти треба да си одиш затоа што ќе најдеме друг - сите сакаат да работат овде.“
Сега кога извештајот е раширен до секој ќош на интернетот, еден извор за Ас Викли, наводно поврзан на некој начин со продукцијата, открива дека вработените се среќни што се дознава за нивните проблеми. Вели,
„Се слушаат и се допишуваат на темава. Воодушевени се што вистината, која беше јавна тајна со години, конечно добива повеќе внимание.“
Голема храброст треба за јавно да прозбориш против работодавачот, особено кога е моќен како „Елен Шоу“. Директно за Елен никој ништо нема кажано и за ништо не е обвинета, но сѐ уште се чека на нејзина изјава. Во меѓувреме, продуцентите на шоуто Ед Главин, Мери Конели и Енди Ласнер за Е! изјавуваат:
„Навистина ни е многу жал што дознаваме дека макар еден човек во нашата продукциска фамилија имал негативно искуство. Ние не сме такви и не се стремиме да бидеме такви, и тоа не е ни мисијата што Елен ни ја поставила. Да се знае, одговорноста за секојдневието на работа е наша. Го сфаќаме ова многу сериозно и јасно ни е, како што и светот во моментов се учи, дека треба да бидеме подобри, посветени сме да бидеме подобри и ќе бидеме.“
На темава би можел да ве интересира филмот „Late Night“, на ХБО, со Ема Томпсон и Минди Кејлинг