Oва веќе бара посебна рубрика

Да можеш да си дозволиш полна куќа маркетинг стратези и експерти (и адвокати) и пак да правиш глупости, треба да си Кендал и/или Кајли Џенер.

Кајли и Кендал Џенер се меѓу десетиците инфлуенсери кои Бибиси Клик ги разоткри дека промовираат имитација на Епл Ерподс слушалки на Инстаграм. Двете заедно имаат 322 милиони следачи.

Од Епл викаат дека овој клон на нивните слушалки е нарушување на интелектуална сопственост. Уште не се знае дали ќе ги тужат нив, ама против некои други инфлуенсери имаат преземено правни дејства.

Сестрите одбиваат да коментираат.

Инволвираните инфлуенсери кои промовираат производи слични на Ерподс и Епл Воч конкретно не ги поседуваат производите, туку во кампањата учествуваат со линкови до сајтови каде што анонимни продавачи ги испраќаат директно од Кина. На прв поглед, производите изгледаат вистински, но брендот е друг и очекувано - не се добри.

Но, на Кајли тоа не ѝ е туѓо - сепак, нејзини се пазарските четки од 400 долари, да не заборавиме.

Инстаграм се оградува и тврди дека инфуленсерите се тие што треба да следат локални закони и да филтрираат брендови пред да промовираат.

Продавниците се викаат дроп шиперс - како посредници се, кои ниту ги гледаат, ниту ги прават производите што ги продаваат, а користат инфлуенсери за да ги промовираат.

Еден таков, Кевин Дејвид, од Мајами вели,

„Можеш да имаш огромен бизнис без да стапнеш во Кина. Јас лично сум испратил милиони долари во Кина. Сум добил милиони и милиони долари во производи, а не сум ни бил таму. А од тие слушалки, некои мои пријатели заработуваат стотици илјадници долари месечно.“

Иако легален, дроп шипингот може да има проблеми ако го пријавиш дека

  • не испорачува производи
  • не враќа пари и
  • сајтот одеднаш го снемува.

„Ти треба само интернет конекција и вебсајт и готов си,“ коментира Санчит Џајн, аналитичар за е-трговија. „Проблемот е што луѓето можат да бидат измамени, да не добијат што платиле и да се погрешно наведени. Тоа е Див Запад, особено затоа што лесно се прави таа продавница.“

На Епл маката сега им е што мораат секојдневно да се адаптираат на најновите тактики на сите што им крадат.

Исто така:

4 август 2020 - 00:00