А можеби мирот ви лежи во правењето накит?

Тие што почнале викаат дека е откровение. Кога ги гледаш тие светкави тракатанци во излог не можеш ни да замислиш дека можеби те бива сам да ги направиш. Самиот процес е медитативен - нижење монистри, врзување јазли и виткање жица бара трпение и пракса, заедно со оние неколку фундаментални техники. И ако немате продавница во близина, сѐ може да се нарача онлајн

Ако почнувате, почнете со евтини материјали. Жицата нека биде обичен метал, монистрата нека бидат пластични или стаклени, наместо 14-каратно злато. И како што ќе станувате профи, можете да инвестирате во сѐ поскапи материјали и стварно да завршите со неверојатни парчиња пред себе.

Што ви треба?

Монистра

Стаклени, дрвени, пластични, метални или полудраги камења - ги имате од секакви материјали. За да не ви се тркалаат, ставајте ги на пешкир или организирајте си ги во кутии со прегради (нов проект за медитација!)

Синџири, закопчувалки и жици

Синџирот е појдовна точка, не само за накит, често и за каиш. Алките можат да бидат деликатни и нежни, или големи и груби. Можете да инвестирате во 14 или 18-каратно злато, или во сребро и тие ќе ви траат. Можете и лажно злато или сребро, или бакар, лим или челик, па дури и пластика. Ако убаво го осмислите, може убаво да изгледа. Ланчињата се продаваат на метража, што значи закопчувалката ќе мора сами да ја додадете.

Свилена нишка

Доволно е силна за нижење монистра и ја има во различни бои и ширини. И дебелината може да игра улога во дизајнот.

И алат:

 

Ви требаат сплескани и заоблени клешти, кои ќе ви служат за различни работи - за манипулација на жица на пример, или за правење крукчиња.

Не секој рачно правен накит е тоа-па-тоа, истите монистра, закачалчето и толку.

Ако стварно те бива и стварно се посветиш, можеби ќе излезе нешто како од излог, што знаеш.

27 јули 2020 - 13:15