Тие што ја гледаат подолго време коментираат дека често (може и намерно) се издава дека многу поопасна отколку што ја доживуваат. На темава имаше ироничен наслов на нејзин профил за Њујорк Тајмс - „Елен Деџенерес не е толку фина колку што мислите“, а зборуваше за тоа колку ѝ е здодевно што секогаш ја ставаат во категорија на љубезни и мили луѓе. Боцкала и по интервјуа, како кога ја закачаше Тејлор Свифт за бивши дечковци, а станувало и незгодно - како кога фати една од публика дека земала две капчиња со нејзиното име и ја викна на сцена па „ја стави во затвор“. Земете предвид дека нејзината главна публика - Американци е сега осетлива на најситна глупост, па дури и ако се работи за шеги, дојдено е време кога ќе ѝ ги вадат низ нос.
Елен долго време се труди да каже дека не е цвеќе за мирисање - има направено и стендап за Нетфликс за тоа. Без разлика дали е значително полоша од било кој друг холивудски сељак, или повеќе ја дават затоа што е жена/геј позната по „финоќа“ е прашање што во моментов не може да се расчлени.
Во секој случај, новинарката Хедли Фримен, во Гардијан ги носи следниве заклучоци:
После Фокс Њуз и НБЦ, луѓето веќе не толерираат безобразно однесување во светот на телевизијата - и тоа е добро; тоа што си супер-богат не ти го подобрува општото однесување; и конечно, кога некој - славен или не - ќе ти каже дека не е добар човек, верувај му.