Свадбите сè почесто изгледаат како продукција наместо прослава - миленијалците пораснаа во време кога стабилна работа, стан и совршена свадба (барем) изгледаа достижни. Сега, свадбата како настан, од интимен момент се претвори во лансирање бренд: фотосесии, три фустани, цветни ѕидови, коктели со имиња на милениците и дрон-снимки од локалната винарија што треба да изгледа како да се венчаваш во Тоскана.