
Прв пат се случило во 1932 година и тогаш и решиле од Академијата да ги променат правилата. Победиле и Фредрик Марч (Dr. Jekyll and Mr. Hyde) и Волас Бири (The Champ), но технички Марч имал еден глас повеќе од Волас. Во тоа време, правилата биле дека секој што на победникот ќе му се доближи до три гласа, исто така ќе ја добие наградата. А номинирани тогаш биле тројца. Оттогаш, Академијата за вистински нерешено го смета кога има ист број на гласови кај двајца номинирани.
Втор пат: Кратките документарни филмови So Much for So Little и A Chance to Live, и двата со сериозни теми што заслужиле видливост: Првиот за важноста на здравството и агенциите за здравство (како цртан, дел од Луни Тунс дури), а вториот за свештеник во Ирска што спасувал сирачиња после Втората светска војна.
Третото нерешено е и најпознато и најинтересно - за најдобра актерка Оскар добија и Барбра Стрејсенд (за Funny Girl) и Кетрин Хепберн (The Lion in Winter).
Значи, Барбра Стрејсенд почнува со улогата на Фани Брајс во мјузиклот Funny Girl на Бродвеј во 1964 година, со што добива втора номинација за Тони награда. Потоа ја повторува истата улога како нејзина прва филмска улога, во екранизацијата од 1968 година.
Израмнувањето во гласовите било можно и поради еден невообичаен чекор: таа била рано примена во Academy of Motion Picture Arts and Sciences од тогашниот претседател Грегори Пек - одлука што предизвикала контроверзии. Вообичаено, новите членови на Академијата морале да исполнат одредени критериуми. Еден од начините бил да се појават во најмалку три големи филма (а Funny Girl ѝ бил прв). Другиот начин бил да се биде номиниран или да се освои Оскар, по што новите добитници и номинирани традиционално се приклучувале дури наредната година. Во случајот на Стрејсенд, бил направен исклучок, што, според многумина, ѝ овозможило да гласа и за самата себе. Така и дошло со порамнување, инаку би имала глас помалку.
Ова предизвикало реакции во јавноста, а дел од критичарите го обвиниле Пек дека зад одлуката стојат „студиски интереси или притисок“. Тој остро ги отфрлил тие тврдења, нагласувајќи дека Академијата не е зависна од филмските студија и не е под нивно влијание.
На крајот, и Стрејсенд и Хепберн добиле точно по 3.030 гласови и двете ја земале наградата. Со тоа, Хепберн станала втората актерка во историјата што освоила Оскар две години по ред, откако претходната година победила за Guess Who's Coming to Dinner. Тоа ѝ e трет Оскар, од вкупно четири што ќе ги добие и никој сè уште го нема надминато тој рекорд.
Патем, Кетрин Хепберн просто не одела на Оскарите - освен еднаш, во 1974, кога требало да му врачи награда на Лоренс Вајнгартен.
Следното израмнување на Оскарите се случило во 1987 година, во категоријата за најдобар документарен филм. Победници биле Artie Shaw: Time Is All You've Got и Down and Out in America.
Вториот филм го режирала Ли Грант, која веќе имала освоено Оскар како актерка за филмот Shampoo. Иако денес наградата би ѝ припаднала на режисерката, тогаш според правилата Оскарот го добивал продуцентот - во нејзиниот случај, нејзиниот сопруг.
Потоа, во 1995 година, имало уште едно нерешено, во категоријата за краткометражен игран филм. Победници биле Trevor и Franz Kafka's It's a Wonderful Life. Вториот филм е дело на Питер Капалди познат по улогата во серијата Doctor Who.
До 2026 година, последното израмнување било во 2013 година, во категоријата за монтажа на звук. Победници биле Zero Dark Thirty и Skyfall.