
Кога рече „никој не се замара со опера и балет“, поточно
„Не сакам да се бавам со опера, или балет, каде што се мачат да ги одржат во живот без разлика што никој не се замара со нив, да ми простат сите од опера и балет... Изгубив еве 14 центи поради изјавава...“
не очекуваше дека луѓето реално ќе се замараат доволно да не знае што го снашло од негативни реакции.
„Апсолутна будала е тој,“ изјави театарскиот критичар Иан Браун за Бибиси Радио Лондон во саботата. „Мислам дека е глуперда и ова ќе му се одбие од глава.“
Во меѓувреме, подкастот за поп култура The Spill новата епизода ја нарече „Зошто официјално завршивме со Тимоте Шаламе“ и го постави прашањето „Дали ерата на Тимоте нагло закочи?“
Неговите коментари се проблематични, но сепак слаби во споредба со проблемите што се предизвикани во Холивуд низ годините.
Одма се реагираше како што треба: Операта во Сиетл понуди 14% попуст на карти ако го искористиш промо-кодот „ТИМОТЕ“.
„Тими, и ти можеш,“ му пишаа срдечно.
Патем, сите тргнаа во одбрана на операта и балетот, ама изјавите на Шаламе, колку и да се сељачки, се поклопуваат со реалноста: На секои пет години се прави истражување и има показатели дека се намалува верната публика на овие две уметности. Тимоте е брука, ама сепак некои забележуваат дека може да зборува и со предзнаење - се има фалено за мајка му, сестра му и баба кои се балерини.
Изјавата ја даде минатата недела, ама лавината доаѓа оваа, што на неговите фанови им значи дека е „намерно“ пред да заврши гласањето за Оскарите и дека некој сака да му наштети. Велат и дека оваа иритантна персона што ја тера на промоција е слична на ликот Мари Суприм за кој е номиниран.
Сепак, луѓето се збунети: Зборуваме за површна славна личност што брка ријалити-ѕвезди или скромен и сериозен актер? Или и двете?
Мемињата секако не разочаруваат:
За него пишувавме и во „Колку има „француско“ во Тимоте Шаламе?“ а го спомнавме и во „Како дојдоа во мода глувчести типови?“ Кога се објави дека е во врска со Кајли Џенер, многумина коментираа дека „нешто чудно се случува“ и не им беше јасно како може еден така длабок, паметен дечко како него, може да биде со ријалити-ѕвезда, без да им текне дека можеби - можеби и не е така предлабок (или таа не е преплитка?).
Во секој случај, тешко дека ќе те заболи глава од длабочина после ова: