Претставници се Тимоте Шаламе и Џош О‘Конор - мажите што моментално се најпопуларни се споредуваат со глодари и тоа треба да е комплимент.
Значи, замислете глодар да може да биде секси, така вика Гардијан. А не се работи за секси стаорци, туку мажи што личат на секси стаорци. Некој на интернет има кажано дека ова е летото на вакци мажи и создаден е вирус што сега ги преплавува зумерите на социјалните мрежи. И оваа естетика не е нова, само сега некој ѝ има дадено име.
Треба да се ситни (не мускулести), да имаат аглести лица, да имаат големи уши, ситни очи, бушава коса и да се бледи како да им фали калциум.
Момент:
ОК.
Или, како кога на цртани на разноразни глодари им даваат човечки карактеристики.
Главно трендот е за изглед, но како да треба да се содржи и еден вајб, една енергија што сака да каже дека ако мажот не е традиционално згоден, секако може да „ти биде фино“ и да бидеш безбедна. Му доаѓа како зумерскиот еквивалент на миленијалскиот хипстер.
Други претставници: Џереми Ален Вајт, Бери Кеон, глумците од Challengers - главно многу од најбараните во денешно време. Го бркаат да речеме, Крис Хемсворт и му отвараат врата на Адам Драјвер.
Можно е сето ова да потекнува од еден вирален твит од 2023 со теорија дека мажите можат да бидат орел-згодни, мечка-згодни, куче-згодни и рептил-згодни.
men are either eagle handsome, bear handsome, dog handsome, or reptilian handsome pic.twitter.com/or8uPZ7tre
— normal catholic girl (@marieprairiee) April 30, 2023
Има и незадоволни - им било како злонамерен комплимент, плус се жалат дека немало други раси.
Кој може да се буни што не го вклучуваат во овој језив тренд не знаеме, ама ете, се бунат.
Гасете интернет, нека помине ова прво.