Краток филм за еден нереалистичен тренд и стандард за убавина

„Како да станеш ТАКВА девојка“.

„ТАКВА“ е всушност that girl, или трендот што бараше од младите жени да бидат дисциплинирани, убави, паметни, да стануваат рано секој ден, да имаат совршена, беспрекорна кожа и никогаш да не прескокнат вежбање.

Да бидеш that girl значеше да изгледаш како целото совршенство што (наводно) го носиш, го носиш и ти успева без напор, сето тоа помогнато од трендови на социјални мрежи плус продавачи, плус брендови.

Притисокот беше огромен. Неуспехот да се постигне ова беше показател дека не си доволно добра.

Креаторката на филмот, Ана Енгелшал пишува:

„Обидите да бидеш совршена можат да ти го уништат животот, да направат да се чувствуваш осамено, и да те изолираат од светот. Еве потсетник дека ти си веќе ТАКВА девојка. Ја има во тебе и можеш да работиш да се подобруваш и да се грижиш за себе, но не се опседнувај со тоа и не се обидувај да бидеш или да правиш сѐ совршено.“

 

19 март 2026 - 10:44