Џеј Шети: Монах, могул, тежок преварант

Прво, нели е бе, малку чудно да си и монах и могул? Нели могул треба да е спротивно од монах, и обратно? Нејсе, лажговци во светот на индустријата за само-помош има да ги ринеш со лопата, ама овој пат го имаме - Џеј Шети.

Хипстерот на филм и телевизија

Со детален опис, со објаснување, со сѐ.

И СНЛ се фасцинирани од таа што си ја залепи косата

Ја фативте онаа што си испрска супер-лепак, наместо лак за коса (намерно) и месец дена е залепена така? Па, уште и ќе тужи? СНЛ и скеч ѝ посветиле.

Пинтерест-трендови за 2021

Што кажува Пинтерест за трендовите што нѐ чекаат годинава?

Човек не може ни да опцуе на раат

Аманда Холден, ТВ-лице во Велика Британија и судија на „Британија има талент“ беше принудена да се извини за едно fuck на сцена.

Ако си голем уметник, мораш ли да бидеш хорор по дома?

Зошто сѐ уште романтично ги доживуваме уметниците кои се однесувале ужасно?

Оскарите ќе одат во живо од повеќе локации

По разгледување на повеќе сценарија за одржување на манифестацијата, со поместен датум заради пандемијата, организаторите се одлучија за повеќе локации, меѓу кои и Долби театарот.

Зошто никогаш веќе нема да добиеме филм како „Кој го намести зајакот Роџер“

Режисерот Роберт Земекис ја разгледал можноста да користи компјутерска анимација, но сепак сакал анимираните делови да бидат како во златната ера на цртаните. Хибридни филмови (анимација/живи луѓе) има повеќе, но главно користат ваква анимација само на сегменти - Зајакот Роџер е таков 55 од 104 минути.

Ријана ќе паузира од мода

Fenty Fashion оди „на одмор“, а куќата ќе се фокусира на убавина, нега на кожа и долна облека.

Кој е крив ако своеволно си ставиш супер-лепак на глава?

Ти или компанијата за производство што пропуштила во упатството да напише „да не се користи наместо лак за коса“, бидејќи не сметале на тоа дека во светот постојат тешки морони?

Не, не се важи ако го имаш дома

Па, што ако е штипка за алишта. Мора да биде оваа, од 770 долари.

Секоја можна скандинавска крими-драма

Атмосфера, снег, драматична сериозност и град со име што нема да го научите. Не е фер вака да ги сведуваат на мајтап кога прават толку јаки дела, и книжевни и филмски, ама сепак, јако е.

Како лош кастинг може да ти уништи филм

Кој е најлошо избран актер што сте го начекале на филм? Кијану Ривс за Џонатан Харкер во „Дракула“ нели? И ние.

Пушти тоа филтерот

Доколку употребат филтри што „лажат народ“, бјути-инфлуенсерите се соочуваат со можна забрана.

На кафе во Париз, во 1920-те и во боја

Ова можеме со еднаква доза чемер да го гледаме како снимки од кафичи во 2019 : ништо од тоа што го гледаш не можеш сега да го правиш. Ама кафињата од 2019 кога-тогаш ќе се вратат, овие лезетскиве, со сите дотерани и со една мисла на памет: уживам со кафе и точка - тешко.

Кога ќе кажеме „новиве генерации се невозможни“, на ова мислиме

Замислете, тинејџерите да ни биле љубоморни на - темните кругови околу очи! Какви се овие пост-апокалиптични трендови?

Како мислиш, да го откажеме „Брилијантин“?

Оливија Њутн-Џон реагираше на трескањата од земја за „проблематичноста“ на „Брилијантин“ и ги нарече „малку будалести.“

Навики што ни ја стареат кожата побрзо

Касандра Бенксон, девојката што зборува на оваа тема, има попријатен термин за анти-ејџинг: грациозно стареење, само побавно.

Дита фон Тиз за скандалот со Мерилин Менсон

Во понеделникот, Мерилин Менсон влезе во првата фаза од тотален кансел, нешто што ни стана секојдневие, откако неколку поранешни партнерки, меѓу кои и Еван Рејчел Вуд, го обвинија за разни типови на грозна злоупотреба. Неговата поранешна жена, Дита фон Тиз не се вклучува во тоа.

Кога мораш да снимиш видео за да објасниш дека татко ти нема шизофренија

Светот не може да се справи со Џордан Питерсон, па последниве денови, медиумите се трудат да рашират трач дека има шизофренија.

Совети што ќе ви се чинат бескорисни додека не ги послушате

„Пофали ги луѓето зад грб. Звучи глупо, а прави чуда.“

Твитер им се лути на Златните глобуси: Зошто „Емили во Париз“ има две номинации?

Што е ново? Интернетот е лут на некоја манифестација. Значи нема ново.

Спрејот за фиксирање шминка - за едни мајка, за други маќеа

Зошто кај некои функционира, кај некои не и кои се точно лажгите со опашки?

До сега постојат само осум совршени филмови

Според базата на податоци на Метакритик, само осум филмови имаат совршен резултат од чиста 100-ка. Се разбира, не е некое изненадување дека „Кум“ го има на списокот, бидејќи знаеме дека критичари го обожавале уште од премиерата во 1972. Кои се останатите и колку од нив имате гледано?