Трендот за облека во 2021 е athleisure - спортско и опуштено, нешто што ќе изгледа добро и кога си на Зум, и после работа, додека се истегнуваш од седење пред компјутер и на крај кога ќе завршиш пред телевизор - мора цело време да биде удобно и да ти ги следи обврските во текот на денот. На Пинтерест се бараат тренерчиња, хеланки, памучни комбинезони, па потребата и трендот се јасни - да се создаде удобност.
Понатаму, се забележува промена во трендовите за нега и убавина. Дали би можеле да кажете дека рутината за шминка и нега на кожа ви е иста како пред една година? Затоа што - кармин е супер, ама под маска… Џабе. Плус, немањето потреба да излеташ низ врата од сабајле, остави простор за подетална рутина за нега на лицето и луѓето активно се посветуваат на пребарување и избор на производи.
Се пребаруваат и фризури што не бараат средување секоја недела - од проста причина што фризерите не работеа, а и - кај ќе одиш, па да ти треба фенирање? Најчесто се ловат фризури со плетенки, бокс-плетенки за жени и викиншки плетенки за мажи. Паж-фризури и должина до рамена, нешто што нема да пречи, а ќе изгледа добро, а на крај сепак ќе може да се собере.
Изглед за очи и веѓи - разбирливо, со оглед на тоа што секаква социјална интеракција ги инволвира главно нив, не смееме ни да се поздравуваме со рака веќе.
Грижа за себе и за менталното здравје - доказ за тоа дека менталното здравје и неговата кревкост се сфатија сериозно е што дури и нашето министерство отвори броеви за поддршка. Луѓето пребаруваат податоци, начини и методи за грижа за себе и позитивното во сето ова ново нормално е што сѐ повеќе се освестуваат дека треба да се внимава и на главата. Пребарувањата покажуваат купки, медитација, афирмации и слично.
Хобија - Пинтерест е полн со идеи за начини за поминување на слободното време, за рачна изработка, унапредување на веќе постоечки предмети по дома и „пимпнување“ на облеката што веќе ја имаш.
Интересен термин што е во тренд е cloffice, или мал работен простор што го правиш во плакар - биро, книги, компактно столче и слично. Многумина прв пат се соочија со работење од дома, па ова им беше начин да го одвојат домашниот простор од „работниот“.
Детално: