Кога ќе кажеме „новиве генерации се невозможни“, на ова мислиме

Замислете, тинејџерите да ни биле љубоморни на - темните кругови околу очи! Какви се овие пост-апокалиптични трендови?

Според Њујорк Тајмс, претставниците на Генерација З ги отфрлаат коректорите и се фаќаат за темни производи за да ги истакнат темните кругови околу очите, наместо да ги кријат.

Трендот потекнува од идејата дека „темните кругови треба да се нормализираат“, бидејќи нели сѐ нормализираме последниве години, па што да не и доказот дека сме уморни, преработени, недоспани и сме гледале серија до 4 сабајле? Зошто? Затоа што ова е сечиј проблем и не требало да се срамиме.

Фина им е замислата, ама реалноста е поинаква - особено за луѓе што поминале години и потрошиле огромни пари за да им ги снема.

На The Cut, неколку уредници го дискутираат овој феномен. Разговорот оди од прилика како кога би седнале сега со другарки да го дискутираме ова - една раскажува и дека познавала мајка на другарка што била „многу шик“, и имала црни подочњаци, па отсекогаш ѝ се чинело секси тоа.

Што е следно ако затера трендов? Туторијали за „послабо спиење“?

Сепак, да се подзамисли човек. Замисли излегуваш сабајле без грам шминка, после 12-часовен Нетфликс и не си „болен“, туку „шик.“

А ти ваков:

7 февруари 2021 - 18:43