Причината е: вадење од памет. На сцена имаше перформанс чија главна цел беше на публиката и на судиите да им се крене косата на глава, со дух и кршење стакло. Токму Холден учествувала, на покана на изведувачот, за ефект, и во момент на паника го изустила страшниот, непростлив збор.
„Навистина би сакала да се извинам, кажав ужасен збор,“ рече Холден пред да пресуди. „Знам дека гледаат деца - знам и моите деца дека гледаат - така што, огромно извинување.
Но, можам да кажам дека се преплашив. Значи се работи за застрашувачко, неверојатно и возбудливо искуство. Но, не би сакала на некој друг да му се случи тоа.“
Настапот беше пречекан со масовен аплауз, Холден си седна назад со раката на уста.
Излегува дека британската публика (и не само таа) може да се справи со духови на телевизија, но не и со најупотребуваниот збор на сите времиња.
А, еве го духот: