Татко ми секогаш ми викал „Прашај, најлошо што може да се случи е да ти кажат ‘не‘.“ Ми се чинеше глупо и бев анксиозен, ама излезе дека ова ми помогна во животот со школо, со покачувања на плата, планови со пријатели…
Наместо да кажеш „Извини што доцнам“, кажи „Фала што имаш трпение.“
Чисти додека готвиш, миј садови по пат, и 10 минути дневно потроши на средување по дома. Многу попаметно од чистење со часови.
Пофали ги луѓето зад грб. Звучи глупо, а прави чуда.
Директно кажувај што ти треба наместо да „даваш знаци“.
Чисти по дома пред да одиш на патување подолго од 5 дена. Нема подобро од враќање во чиста куќа.
Дедо ми ми го кажа ова и не разбрав што сака да каже додека не почнав да живеам сам. Секогаш купувај ги евтините алати и ако ги расипеш или истрошиш, значи дека ги користиш доволно имаш оправдување да купиш поскапи и поквалитетни.
Плаќај сметки, ШТЕДИ, па троши.
Кога си под стрес, прави список. Батали „знам што треба да правам, не ми треба список“. Ако запишеш, веќе нема да ти живеат работите во глава и можеш да се фокусираш.
Ќути и слушај. Само слушај. Премногу луѓе има што не знаат да слушаат и размислуваат што ќе додадат во разговорот. Не мораш да додадеш. Не ни внимаваш што се зборува затоа што мислиш што ќе кажеш ти.
Ако бара помалку од 5 минути, направи го веднаш.
Искуство е она што го добиваш кога нема да го добиеш тоа што го сакаш.
Благодарни луѓе се среќни луѓе.
Опушти ја вилицата, отвори ги дланките, опушти ги рамењата и вдиши.
Ако немаш да кажеш нешто фино, не кажувај ништо. Има ли потреба од „Леле, одвратно, тоа ти се свиѓа?“?
Психијатарот ми кажа дека следниот пат кога ќе ми се случи напад на паника, да си кажам дека е во ред да имам напад на паника. Му реков дека е будала. После неколку пати почна да ми успева. Не сум имал напад 3 години.
Најди си барем едно нешто што го сакаш на себе, ако имаш проблеми со боди имиџ. Секогаш кога ќе ти текне дека „не си доволно добар/добра“ тоа едно нешто нека ти биде светла точка. Со тек на време ќе ти биде подобро.
Се добива многу од една обична насмевка.
Полни го цел резервоар.
Распакувај го куферот истата секунда кога ќе дојдеш дома.
Не спиј со телефон.