Во однос на хипстерите, уште кога станаа thing, светот како да се подели на два дела: тие што толку многу се воодушевија од идејата, што брзо-брзо набавија карирани кошули, пуштија бради и најдоа шеширчиња во подрум - и тие што под итно се наместија да фаќаат сеир и да прават мајтап со тоа.
И бидејќи хипстерството (хипстерајот?) имаше едно четири ипол секунди интересност, и застаре со молскавична брзина, сега веќе не е толку занимливо да се бавиме со тоа - иако ентериерите, ставовите, естетиката и пунџите сѐ уште стојат.
Зошто стојат? Затоа што има нешто ултра-привлечно во тоа „ништо да не ти е доволно добро, затоа што ти имаш некои други сфаќања“ и толку се нафураа луѓето на одново измислување себеси што сѐ им се гледа поинтересно ако е направено од јажиња и вреќи за компири - притоа, заборавија дека ако секој стан е со ѕид од цигли, лустерите ти се со гола сијалица, а трпезариската маса насекаде е рачно изработено дрво со епоксидна смола во средина - некако излегува дека сакаш „сѐ што сакаат младите“, а тоа е контра-хипстерската идеја. Само, не кажувајте на никој.
Кој е најзаслужен за доведување на хипстерот до ниво на икона?
Телевизијата и филмовите се разбира: